Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германската амбасадорка до Груевски: Мандатот да се даде на СДСМ

0
By Нова ТВ on February 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германија смета дека мандатот за формирање влада треба да и се даде на втората по големина партија во Македонија, му рекла германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Во партиското соопштение по нивната денешна средба се наведува дека Груевски ја прашал дали тоа е нејзина сугестија, на што таа одговорила дека „тоа е онака како што во моментот се гледа во Берлин“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет Никола Попоски, Никола Тодоров и секретарот за меѓународна соработка Александар Николоски се сретнале со германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Како што соопштија од партијата, Груевски на средбата посочил дека ситуацијата е зрела за брзи избори, бидејќи кој и да формира Влада ќе има потешкотии во функционирањето на парламентот и Владата поради тесното мнозинство, при што брзи избори се најдоброто решение.

„Она што се очекува е одлуката на претседателот Иванов, по што ВМРО-ДПМНЕ ќе се прилагоди на таквата одлука. Она што е потребно е да се даде мандатот на втората по големина партија во Македонија, на што Груевски запраша дали тоа е нејзина сугестија, по што германската амбасадорка се изјасни дека тоа е онака како што во моментот се гледа во Берлин“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на доделување на мандатот Груевски посочил дека по одржаните избори тој треба да се додели на победничката партија како што стои во Уставот.

Средба Груевски – Шчербак

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски денеска имал средба и со амбасадорот на Русија во земјава Олег Шчербак, на која било разговарано за актуелната политичка состојба во Македонијa и во Русија. Средбата, како што соопштуваат од партијата, била на барање на рускиот амбасадор.

Во врска со формирањето на владина коалиција Груевски истакнал дека по неуспехот за состав на влада и истекот на мандатот од 20 дена, се создала „зрела ситуација за нови предвремени избори со цел завршување на политичката криза“.

ВМРО-ДПМНЕ избори Кристине Алтхаузер мандат средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.