Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Листите за пратеници во вторник, за јавноста достапни во среда

0
By Нова ТВ on March 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на јавен настан во среда (11 март) официјално ќе ги презентираат листите со кандидати за пратеници за изборите на 12 април. Претходно, тие треба да бидат потврдени на седница на Централниот Комитет (ЦК) што е закажана на 10 март, соопшти лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција. Деновиве, рече тој, привршуваат анализите во партијата и договорите со коалициските партнери и многу скоро би можело да се знаат имињата на носителите на листите.

Во врска со преименувањето на двете училишта во општина Чаир, рече дека нема зошто да ги коментира различните изјави на Зоран Заев и кажа дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласала против овој предлог кој, како што додаде, се прави во предизборен период кога граѓаните се чувствителни на одредени теми. Укажа дека за министерот е важно преименувањето на две училишта во Чаир, но не и, на пример, реформирањето и реконструкцијата на средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово каде учениците учат во супстандардни услови.

Коментирајќи го дополнителниот извештај на ЕК што беше објавен вчера, Мицкоски рече дека го прочитал и дека се согласува со него само во едно нешто, а тоа е барањето да се отпочнат преговори за влез на земјата во ЕУ, но потенцира дека тој ни оддалеку не ја отсликува реалноста во секторите што се наведени. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изрази убедување дека и да дојде тој датум тој процес ќе го води нова влада која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ која, како што повтори, има непроменет став во однос на интегрирањето на земјата во ЕУ. Според него, доколку по изборите влада формира СДСМ и Зоран Заев, земјата никогаш нема да дојде до посакуваното членство.

Мицкоски изрази несогласување дека билбордите со ликот на Зоран Заев кои вчера беа пребојувани се црна кампања, туку кажа дека тоа е констатирање на реалноста. Според него, лидерот на СДСМ самиот ги кажал пораките на билбордите што се бојадисуваа, а дел од нив, како што кажа, вечерта дури биле и палени. Полицијата фати лица кои ги палат овие билборди, рече тој, упатувајќи порака дека по 12 април ќе има одговорност.

„Би им порачал да ја прифатат критиката и да не уништуваат приватен имот“, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ кандидати Листи за пратеници Христијан Мицкоски ЦК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.