Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО – ДПМНЕ на митинг во центарот на Скопје

0
By НОВА ТВ on October 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 20, 2021 20:12

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека оние 400-ни илјади кои не гласаа за Заев и оние милион гласачи кои останаа дома не се никакво зло, туку тоа е Македонија која се обедини против него.

– Зоран Заев во писмото кое го напишал и испратил до неговото членство, на индиректен начин вика дека тие што не гласале за него, биле злото. Јас не мислам така, јас велам тие 400 илјади кои излегоа и не гласаа за Заев и тие милион гласачи кои одлучија да останат дома не се никакво зло, тоа е Македонија. Тоа е Македонија која бара помени и иднина. Македонија која се обединува против Заев и вели доста е. Доста е од се што до сега видовме, истакна Мицкоски.

Кандидатката за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар, им се заблагодари за своите сограѓани што ја поддржале.

– Нашата визија за Центар е секогаш да биде функционална, модерна и современа општина како што ѝ доликува. Ова го велам затоа што сум сериозна во намерата да ја елиминираме онаа култура која не покажува современо и модерно однесување, ние сериозно мислиме да ги менуваме нештата и во доменот на урбаното градење, во екологијата да воспоставиме принципи, мерила и мерки, за здрава средина и здрав живот, ни треба културен живот кој во нашата програма го имаме и во која се опфатени и пензионерите и младите, рече Котлар.

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО – ДПМНЕ, истакна дека промените во Центар се извесни, а општина Центар ќе биде пример за тоа како треба да изгледа општина во европска метропола.

– Нашата визија за Центар е тој да биде пример за тоа дека во Скопје можеме да живееме во европска модерна метропола, а токму од Центар ќе почнат промените за следните четири години, разликата е 8000 гласови во првиот круг е јасна и е предвесник на промените кои доаѓаат, за десет дена Центар и Скопје ќе имаат нови градоначалници кои ќе бидат ветерот на промените, рече Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ митингќ Скопје Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

ВЕСТИ July 17, 2026

 Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за „чистење“ на судиите и на обвинителите, како и дека…

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.