Опозициската ВМРО ДПМНЕ во денешното соопштение уште еднаш потсетува на нивниот став дека Договорот за решение на спорот со Грција е штетен за државните интереси.

– Доколку договорот со Грција беше навистина добар и го гарантираше македонскиот идентитет, Зоран Заев немаше да се двоуми и ќе го ставеше истиот на референдум без дополнителни прашања кои може да ги доведат во заблуда граѓаните. Доколку договорот беше историски успех за Македонија, Зоран Заев немаше да има дилеми да ги додава во референдумското прашање и ЕУ и НАТО, злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните кон нашите меѓународни партнери, се вели во денешното соопштение.

Од ВМРО ДПМНЕ оценуваат дека во таа насока се и измените на Изборниот законик без било каква консултација со експертите и опозицијата.

-ВМРО-ДПМНЕ принципиелно стои на ставот дека условите кои еднаш важеле за избори треба да важат и сега. Почитување на пржинскиот концепт на техничка влада пред избори е единствен начин како граѓаните ќе можат непречено да ја искажат својата волја. ВМРО-ДПМНЕ бара почитување на концептот за финансирање на политичките партии кој веќе беше договорен, се вели во соопштението.