Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Одржувањето на локалните нема врска со формирањето влада

0
By Нова ТВ on May 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 14, 2017 11:24

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС (како што партијата на Груевски го нарекува СДСМ), во страв од соочување со граѓаните, се обидувале да го пролонгира рокот за одржување на локалните избори поради партиски а не државен интерес.

– СДС и парламентарното мнозинство мораат да овозможат непрекинато фунционирање на единиците на локалната самоуправа и во најбрз можен рок да изгласаат продолжување на мандатите на градоначалниците и советите на општините и градот Скопје, но и да се определи најбрз можен датум за одржување на локалните избори, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат, одржувањето на локалните избори нема никаква врска со формирањето влада.

– СДС не треба и не смее да бара изговори за одржување на локалните избори, кои се редовни и неопходни. Пролонгирањето на локалните избори не е притисок врз Претседателот Иванов, туку само обид да се купи време за локалните избори да не се одржат на почетокот на јули, од страв дека истите катастрофално ќе ги изгубат како последица на антидржавното делување на Заев и целиот врв на СДС, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ смета деја пролонгирањето на локалните избори е и со цел да се создаде временски вакуум за пазарење и можнии уцени врз ДУИ околу коалицисиот договор за влада, бидејќи ДУИ имале 14 градоначалници, а СДСМ само 3.

– СДС треба да знае додека тие калкулираат и делуваат согласно партиските, а не државните интереси, целото општество е во грч, а економијата може да почне да трпи загуби. СДС треба да собере храброст и час поскоро да обезбеди датум за одржување на локалните избори, СДС треба да собере храброст за во рамки на локалните да се одржат и предвремените парламентарни избори, кои би биле по волја на граѓаните, реагира партијата која ја води Никола Груевски.

Влада локални избори СДС СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.