Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ прашуваат кој им се заканувал на амбасадорите

0
By Нова ТВ on December 22, 2016 ПОЛИТИКА
Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ носат транспарент на протестот пред ДИК
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 22, 2016 18:51

Партијата ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение јавно праша кој тоа им се заканувал на амбасадорите, како реакција на осудувањата кои денеска дојдова од Европската комисија на повиците за линч на амбасадори.

Споделувајќи ја загриженоста на Европската Комисија ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува кој и како им се заканувал на меѓународните преставници во Република Македонија и да се посочи конкретен пример за тоа.

ВМРО-ДПМНЕ осудува говор на омраза и повици за насилство, и тоа треба да го направат и сите останати политички чинители. Споделувајќи ги демократските вредности очекуваме допрецизирање и појаснување за таквите наводи со цел надлежните институциите поефикасно да превенираат такви случаи.

Европската комисија денеска се огласи и рече дека цврсто ја осудува секоја запаллива и опасна реторика, „вклучувајќи и таргетирање на претставниците на меѓународната заедница во Скопје“. Според неа, таквата реторика „ја движи земјата уште подалеку од евроатлантскиот пат, кој нејзините граѓани го сакаат и заслужуваат“.

Амбиентот на говор на омраза и повици за отстранување на дел од амбасадорите од земјите на ЕУ и НАТО кои беа вклучени во изнаоѓања решенија за политичката криза во земјава повеќе од две години е присутен на социјалните мрежи и во дел од провладините медиуми, особено порталите. Но по предвремените парламентарни избори за време на протестите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ  кои се случуваа изминатите неколку дена, атмосферата на омраза кон странските претставници во земјава ја „зовреа“ и функционери на оваа партија.

Од говор пред Државната изборна комисија (ДИК), прв на амбасадорот на САД, Џес Бејли, во четвртокот навечер минатата недела суптилно му се закани директорот на Државниот архив Филип Петровски. Состојбите кулминираа завчера со донесениот проглас на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ којшто беше читан од страна на претседателот Никола Груевски пред насобраната толпа во којшто тој директно им се обрати на странските амбасадори во говор кој беше оценет како заплашувачки.

 

амбасадори ВМРО-ДПМНЕ ЕК закани проглас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.