Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Талески, СДСМ од него бара оставка

0
By Нова ТВ on June 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека градоначалникот на Битола Владимир Талески го минува првиот ден во домашен притвор, членови на ВМРО-ДПМНЕ му даваат морална поддршка со собир пред општинскиот комитет на партијата.

Од ВМРО ДПМНЕ ги обвинија судиите кои му одредија домашен притвор на Талевски дека потклекнале на притисоците на СДСМ и Зоран Заев.

– Владимир Талески е жртва на класичен политички прогон кој треба да ги смири фрустрациите од неуспешното делување на аболицираниот криминалец Зоран Заев против сопствениот народ и институциите на државата. Владимир Талески е жртва на заканите кои СДСМ со месеци ги испраќа врз судиите кои само неколку часа откако Петре Шилегов се закани со поединечни лични тужби против нив, изрекоа мерка за која СЈО нема никакви одржливи аргументи со законска и логичка оправданост, рече Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак побараа Талески да си поднесе оставака.

-ВМРО-ДПМНЕ наместо да се огради, уште еднаш се стави во одбрана на луѓе осомничени за криминал, на кои личниот интерес и профит им е во прв план и со тоа само докажа дека криминалното работење е нивна главна одлика.За доброто на Битола и битолчани, го повикуваме Владимир Талески во најкус можен рок да си поднесе оставка.На тој начин ќе се овозможи нормално функционирање на Општината во интерес на сите граѓани, рече Борче Корлевски, СДСМ-Битола.

Скопскиот кривичен суд му одреди 30 дневен притвор на Талески, кој е осомничен за случајот Транспортер што СЈО го отпочна пред 2 месеца. Битолскиот градоначалник е првоосомничен за злоупотреба на 360 илјади евра буџетски пари за превоз на ученици.

Владимир Талески домашен притвор СДСМ СЈО транспортер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.