Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ: „Тенк“ е случај на кој се смеат сите правници

0
By Нова ТВ on May 23, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пресудата која Судот ја изрече за Никола Груевски во случајот „Тенк“, е нарачана од Зоран Заев и од СДСМ кои се подготвени да ги осудат сите кои се спротиставуваат на антидржавните политики, кажа на денешната прес конференција потпретседателот на партијата Александар Николоски.

„Денеска видовме во живо како функционира политички суд и како се изрекуваат политички пресуди. Го видовме на дело непринципиелниот брак помеѓу власта на Заев и судот. Бенефиците од овој брак сега се во корист на Заев, но многу брзо ќе се свртат на негова штета. Тоа оди правопропорционално со добивањето и губењето власт. Така функционира нереформираното и клиентелистичко судство“ рече Николоски.

Toj смета дека Судот не и ги зел в предвид доказите и  фактите, а пресудата е „обид за дефокусирање од вистинските проблеми и сеење на страв меѓу сите кои што мислат поинаку.

„Пораката која што Заев и СДСМ преку судот ја испраќаат е јасна и вели дека не е важно дали има каква било основа или доказ, затоа што да бидеме искрени ова е дело на кое се смеат сите правници.Оваа пресуда не е пресуда заради тоа што некој се стекнал со противправна имотна корист,  или заради тоа што и била направена некаква штета на државата, затоа што штета нема, мерцедесот и сега се вози, не си го зема Никола Груевски дома. Ова е пресуда која има повеќе цели, тие се Никола Груевски кој беше симбол за зачувување на националните интереси, економски успеси, привлекување инвеститори, реформи, зголемување на плати, пензии, социјална помош, субвенции, градби и се’ друго, да се засени и да биде политички дисквалификуван“ кажа Николоски.

Според него, во Македонија се водат политички монтирани процеси а правдата има двојни аршини.

„Пред два дена, обвинителството и судот, највисоките органи задолжени за еднаквоста на правото, правдата и правната држава го ослободија од вина Зоран Заев убедувајќи ги граѓаните дека тоа што го гледаат не е така, дека снимките на кои што бара евро за Вице и евро за црквата, всушност и не го виделе и не постојат. Му го преквалификуваа обвинението и го ослободија од одговорност исто како што најавија преквалификување на обвинението за масакрот кај Смилковското езеро и како што ги ослободија осудените за случајот Сопот“, рече Николоски.

За него правда во земјата не постои и најави, како што рече тој, ревизија на сите незаконски дејствија.

ВМРО-ДПМНЕ Груевски Николовски тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.