Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром изгласаа Заклучок за лажните бегалски кампови

0
By Нова ТВ on August 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром денеска предложи вонредна точка на дневен ред на седницата да бидат мигрантските кампови. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои се мнозинство во Советот, без да го прочитаат донесениот заклучок го изгласаа без присуство на опозицијата.


По денешната изјава на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, во која вели дека не верува дека во неговата општина ќе се градат мигрантски кампови и дека досега сите информации со кои располага се шпекулации, Советот на оваа општина, вечерва на седница, експресно изгласа Заклучок со кој не ја прифаќа Националната стратегија за интеграција на бегалци.

Советниците од СДСМ велат дека на денешната седница воопшто и не требало да се расправа за мигранти, ниту пак за бегалски кампови, но координаторот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ оваа точка ја предложил баш пред почетокот на седницата.

„Ние не добивме никаков материјал за оваа точка, а и Општината нема добиено некакво барање или документ од државата за да има врз основа на што да дискутираме. Побаравме пауза да ни достават некаков материјал, но и по паузата освен објаснување дека граѓаните се реално загрижени не добивме ништо“, велат советниците од СДСМ.

Од оваа партија велат дека претседателот на советот, ниту пак предлагачот на точката не го прочитале заклучокот, туку поединечно гласале за него, што значи дека заклучокот го нема ниту во стенограмските забелешки.

„Ние не знаевме за што треба да гласаме, не сакаа да ни го прочитаат заклучокот затоа што се свесни дека целата оваа приказа е лага. Од оваа причина повеќето советници од нашата советничка група ја напуштија седницата“, велат советниците.

Додаваат и дека се обиделе да побараат објаснување зошто ваква точка се става на дневен ред кога и самиот градоначалник денеска во изјава за медиумите рекол дека не верува дека вакви кампови ќе се градат во нивната општина, но советниците од ВМРО-ДПМНЕ објаснувале дека градоначалникот никогаш не дал таква изјава.

Љубица Јанчова, координаторка на советничката група на СДСМ вели дека целта на ова што го прават советниците на ВМРО-ДПМНЕ е само за да го свртат вниманието од реалните проблеми на граѓаните.

„Сакаат мигрантите да ги искористат како што тоа го направија со федерализацијата, кантонизацијата и сите други лаги кои ги употребуваа за предвремените парламентарни избори. Ние сметаме дека требаше барем да ја запазат процедурата, но они денеска ни тоа не го направија“, вели Јанчова.

Оваа партија формално не стои зад иницијативите за собирање потписи против бегалски кампови во Аердром, но НОВАТВ интервјуираше дел од припадниците на овие таканаречени граѓански иницијативи кои што самите кажуваа дека доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ.

бегалски кампови Заклучок Мигранти општина Аеродром Совет на Општина Аеродром Советници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.