Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ:Во ниедна од клучните области нема оценка за добар напредок

1
By Нова ТВ on April 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 18, 2018 15:43

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски оцени дека во Извештајот на ЕК што вчера беше објавен за напредокот на Македонија „практично и не постои област во која што е постигнат чист напредок и нема никакви забелешки во однос на работењето на оваа влада“.

-Доколку внимателно се прочита извештајот во ниедна од клучните области како што се јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, нема оценка дека е направен добар напредок, туку секаде пишува дека е постигнато одредено ниво на подготовка што преведено школски е двојка. Петките со кои Заев сака да се пофали во јавноста, всушност се двојки, рече Николовски на денешната прес конференција.

Коментирајќи ги забелешките во Извештајот, Николовски рече дека корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем, исто како и политичкото мешање, а се крие и опсегот на користење на времените вработувања во јавната администрација.

-Извештајот за напредокот констатира дека „има клучни слабости во економијата“. Во Извештајот Брисел говори за „Недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата сива економија. Структурните проблеми на пазарот на трудот се рефлектираат во ниската активност и високи стапки на невработеност. Фискалната политика е насочена кон краткорочни мерки и нема траен план за консолидација. Економијата сеуште страда од слабости во планови, ниските стапки на иновации и значајни недостатоци во инвестициите, вклучувајќи ја особено и јавната инфраструктура“. Накусо, СДСМ ветуваше инвестиции и вработувања, а во Извештајот се говори за висока стапка на невработеност и ранливост на економијата заради значајни недостатоци, рече Николовски.

Тој исто така посочи дека изминатиов период постои „инструментализација на судството кое се користи за политичка пресметка со неистомислениците“, односно нема ниту една истрага против актуелен функционер.

-Јасно е дека без разлика какви се извештаите што ги добива Македонија, отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ зависи исклучиво од решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето уставно име, додаде тој.

ВМРО ДПМНЕ смета дека Македонија не заслужила да биде во ист пакет со Албанија, бидејќи како што рече Николовски, Македонија е земја кандидат за членство од 2005 година, а Албанија е земја кандидат за членство од 2014 година.

ВМРО-ДПМНЕ ЕК Извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.