Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ vs. СДСМ: Дали Јанева е транспарентна кон Собранието?

0
By Нова ТВ on March 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2016 13:20

 

Седницата на Комисијата за политички систем на која требаше да се разгледува извештајот на Специјалното обвинителство, повторно е одложена. Претседателот на Комисијата – Влатко Ѓорчев ја повика Јанева лично да се појави, бидејќи во спротивно нема услови за одржува на седницата, додека пак, од СДСМ реплицираа дека Ѓорчев го нема утврдено ниту дневниот ред, а кани луѓе на седницата.

-За жал не се создаде условите за отпочнување на Комисијата за политички систем. Собранието е највисокиот законодавен дом во Македонија. Тука 25 години наназад доаѓале сите претседатели на државата и Глигоров, и Трајковски и Црвенковски и Иванов. Доаѓаат сите премиери, сите министри, сите избрани и именувани функционери. За жал госпоѓата Јанева смета дека не треба да  дојде во овој Парламент, рече Ѓорчев.

Членовите на Комисијата од редовите на СДСМ и денеска не се појавија на седницата, бидејќи според нив, Ѓорчев го нема утврдено ниту дневниот ред, а објаснува дека нема услови за работа. Пратеникот Горан Сугарески вели дека  од 2005 државен јавен обвинител се нема појавено да образложува лично Извештај.

-Не знам дали знаете од 2005 тука, не е разгледан Извештај од државното Јавно обвинителство. Прво, кршење на Деловник е да објаснувате дека нема услови за одржување на седница, бидејќи нема претставник, а претходно да немате утврдено дневен ред. На Комисија дневниот ред не е утврден. Не знам зошто не се утврдува дневниот ред, па после ако мисли по негово господинот Ѓорчев дека нема услови тоа може да го констатира. Таму нема утврден ред и не гледаме причина да учествуваме во тој циркус и театар, вели Сугарески.

Од СДСМ  велат дека ќе учествуваат во работата кога господинот Ѓорчев ќе го утврди дневниот ред.

Ова е четврти обид да отпочне седница на Комисија за политички систем за да се разгледа извештајот на СЈО.

Пратениците нема да може на собраниска седница да го оценуваат Извештајот на Јанева се додека тој не го помине првиот филтер. Од Специјалното јавно обвинителство остануваат на ставот дека тие немаат обврска да го презентираат лично Извештајот, бидејќи според нив, тој е краток и концизен и не се законски обврзани усно да го презентираат.

Согласно Законот за специјално јавно обвинителство, Катица Јанева е должна на секои шест месеци да доставува извештај за својата работа и напредокот на истрагите до Советот на јавни обвинители и Собранието на Република Македонија, како надлежни тела.

Вчера, Јанева кратко се појави во Советот на јавни обвинители уште еднаш да појасни дека нема обврска да дава отчет, а Советот без образложение, нејзиниот извештај го оцени за негативен.

 

ВМРО-ДПМНЕ Јанева СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.