ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека владејачката партија наместо да почне да ги реализира ветувањата кои им ги дале на граѓаните, тие во полна пареа работеле на креирање лажни вести.
„СДС наместо да започне да работи на стратегија како да привлече странски инвестиции тие работат на стратегија како да се оцрни раководството на ВМРО-ДПМНЕ. СДС на своите први седници наместо да се погрижи за обезбедување на подобри услови на граѓаните преку носење одлука на покачување на плати и пензии како тие што ветија, СДС сепак се одлучи да донесе одлука за разрешување на Републичкиот Јавен Обвинител“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозицијата велат дека граѓаните од Заев не очекувале лаги и манипулации, туку исполнување на ветеното членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО без да се задира во идентитетски прашања.