Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Бразил, Лула да Силва положи заклетва, претседателскиот појас му го предаде работничка во комунална хигиена, наместо Болсонаро кој побегна во Флорида

0
By Xhabir Deralla on January 2, 2023 ВЕСТИ
Лула да Силва во придружба од Првата дама, Росангела да Силва, потпретседателот, Гералдо Алкмин и неговата сопруга Мариа Лусиа Алкмин (и други) пред претседателската палата (photo: Pedro França/Agência Senado, via Wikimedia Commons)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 2, 2023 14:06
  • Бразил, на 1 јануари, го инаугурира својот нов претседател Луис Инасио Лула да Силва.
  • Соочен со истраги, поранешниот претседател Жаир Болсонаро се засолни во Орландо, Флорида, САД.
  • Претседателскиот појас на Лула да Силва му го врачи Алин Соуса, 33-годишна работничка во комуналната хигиена, која ја презеде улогата на Болсонаро.
  • Повеќе детали за новиот бразилски претседател во ексклузивното интервју на ЦивилМедиа со Џејмс Н. Грин, експерт за Бразил и пријател на Лула да Силва.

Претседателот да Силва, популарен како Лула, и официјално ја презеде власта во церемонија со долга поворка, музички фестивал и стотици илјади поддржувачи кои ја исполнија централната еспланада на Бразилија, главниот град на нацијата.

Но, недостасуваше една клучна личност: екстремно десничарскиот претседател во заминување, Жаир Болсонаро. Тој требаше да му го предаде на Лула претседателскиот појас во неделата, важен симбол на мирната транзиција на власта во нацијата каде што многу луѓе сè уште се сеќаваат на 21-годишната воена диктатура која заврши во 1985 година.

Соочувајќи се со различни истраги од времето во неговата канцеларија, Болсонаро пристигна со авион во Орландо, Флорида, САД, во петокот навечер и планира да остане таму најмалку еден месец. Њујорк Тајмс објави дека Болсонаро ќе престојува во изнајмен приватен имот на професионалец во боречки вештини, на неколку километри од тематскиот парк Светот на Дизни.

Болсонаро со месеци ја доведуваше во прашање веродостојноста на изборите во Бразил, без докази, а кога загуби во октомври, одби недвосмислено да го признае поразот. Најблиску до признание на поразот беше во своевидното проштално обраќање минатата недела кога, по неколкунеделен молк, изјави дека се обидел да го спречи Лула да ја преземе функцијата, но не успеал.

Како што објави ЦивилМедиа во ноември, Поранешниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва триумфираше над актуелниот претседател Жаир Болсонаро на 30 октомври, во вториот круг од претседателските избори во Бразил. Да Силва освои 50.9% од гласачките ливчиња со 99.9% гласови изброени. Победата на 77-годишниот Да Силва претставува неверојатен пресврт на настаните. Претходно, тој беше на чело на државата од 2003 до 2010 година. Подоцна, тој беше во затвор 18 месеци поради обвиненија за корупција, но тие обвиненија потоа беа поништени од страна на Врховниот суд.

Лула да Силва во придружба од Првата дама, Росангела да Силва, потпретседателот, Гералдо Алкмин и неговата сопруга Мариа Лусиа Алкмин (и други) пред претседателската палата (photo: Pedro França/Agência Senado, via Wikimedia Commons)

На инаугурацијата вчера попладне, на 1 јануари, со почеток во 18:30 часот по средноевропско време, Лула се искачи на рампата до претседателските канцеларии со разновидна група Бразилци, меѓу кои една Африканка, едно лице со посебни потреби, едно 10-годишно момче, еден домороден човек и работник во фабрика. Потоа, гласот објави дека Лула ќе го прифати зелено-жолтиот појас од „бразилскиот народ“, а Алин Соуса, 33-годишна работничка во комуналната хигиена, ја презеде улогата на Болсонаро и го врачи појасот на новиот претседател.

На 16 ноември, ЦивилМедиа објави ексклузивно интервју со Џејмс Н. Грин, професор по бразилска историја и култура на Универзитетот Браун и Претседател на Управниот одбор на Канцеларијата на Бразил во Вашингтон. Во тоа интервју се откриваат многу детали за кампањата и програмата на бразилскиот левичарски лидер.

Џ. Д.


Извор: CivilMedia |  Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Бразил Жаир Болсонаро инаугурација Лула да Силва
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.