Во Британија пристигна првиот трговски воз од Кина. По 18 дена и поминати 12 000 километри, товарниот воз меѓу Кина и Британија, конечно пристигна во Лондон.
Оваа железничка линија е резултат на желбата на Пекинг да ги зајакне трговските врски со Европа и да се обнови древниот, т.н. Пат на свилата.
Возот тргнал на 1-ви јануари од Џивуа, близу Пекинг, минал низ Казахстан, Русија, Белорусија, Полска, Германија, Белгија и Франција, за преку тунелот под Ла Манш да стигне до Британија.
Кина од 2013 та година активно инвестира во инфраструктура , за зајакнување на трговските врски со цела Азија, Европа, како и со цела Русија.