Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во ЕП отворена „Заедно II“ – прва заедничка изложба на уметници од Северна Македонија и од Бугарија

0
By Ана Василевска on May 3, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во зградата на Европскиот парламент во Брисел вчера беше отворена изложбата „Заедно II“, која ја организира Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје (БГКИЦ) во соработка помеѓу министерствата за култура на Република Бугарија и на Република Северна Македонија, а со поддршка на европратеникот и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук.

Како што соопштија од Бугарскиот културно-информативен центар, специјален гостин на отворањето на изложбата беше претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

– Европската унија и овој парламент се посветени на унапредување на долгорочните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. И ќе продолжиме да ги охрабруваме двете страни на дијалог и работа за заедничка европска иднина. Оваа изложба има за цел да го прослави заедништвото меѓу Бугарија, Северна Македонија и Европскиот парламент, рече Мецола.

Европратеникот Ќучук се заблагодари на директорката на БГКИЦ-Скопје, Антонија Велева, која ја покрена иницијативата за изложбата и додаде дека ова треба да биде патот напред и за Бугарија и за Северна Македонија.

-Двете земји треба да ги продлабочат своите добрососедски односи и да се залагаат за интеграција на регионот во Европската унија. Ова е пример дека културата е мост кој обединува и не познава граници, дека културата има моќ да се издигне над сите разлики, рече Ќучук.

Меѓу присутните беа и постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, амбасадорот Румен Александров, како и амбасадорот на Северна Македонија во Европската Унија, Зулфи Исмаили. Двајцата истакнаа дека изложбата ја покажува взаемната волја за одржување на позитивната агенда меѓу двете земји.

-Важноста на меѓукултурниот дијалог и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија стана повидлива во последниве години. Денешниот настан е уште еден доказ во оваа насока. Заедничките вредности и наследството се составен дел од нашата иднина, рече амбасадорот Александров.

Амбасадорот Исмаили се заблагодари на министерствата за култура на двете земји. Уметноста е универзален јазик и треба повеќе да ја промовираме.

-Гледајќи ја оваа изложба непосредно пред ова отворање, го видов неограничениот потенцијал на уметноста да инспирира, предизвикува и да ги трансформира нашите перспективи, додаде Исмаили.

Кураторите Ана Франговска од Северна Македонија и Атанас Андасаров од Бугарија ја претставија првата заедничка изложба на двете земји пред присутните гости на свеченото отворање во зградата на Европскиот парламент.

Заедно II“ за првпат беше претставена во Скопје на 25 ноември 2022 година, кога свечено беа отворени новите простории на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и беше дел од годишната програма на институцијата. Од бугарска страна на изложбата учествуваат скулпторката Снежана Симеонова со делото „Форма“ и сликарите Свилен Блажев со „Рабош“, Вихрони Попнеделев со „Триптих“, Греди Аса со „Историја“ и „Внатрешен простор“; Надежда Кутева со „Манастирот 1“ и „Градски пејсаж“ и Атанас Андасаров со „Св. Наум“ и „Персимон“ и други.

Од уметниците од Република Северна Македонија на изложбата се претставија сликарите Жанета Гелевска-Велјаноска со делото „Пејзаж“, Симонида Филипова-Китановска со „Композиција“, Илија Кочовски со „Пејзаж 2“, Александар Станкоски со „90.000 овци“, Жаклина Глигориевска-Кочовска со „Возбуда или за потеклото“, Марина Цветановска-Мартиновска со „Ни на небо ни на земја“, Дијана Томиќ-Радевска со „Цветовите на Галичник 1“, Марина Лешкова со „Галичник“ и други, стои во соопштението.

ЕУ Изложба Северна Македонија и Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.