Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во ЕУ Грција барала правда за Русија во случајот Скрипал

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефовите на европските дипломатии вчера во Брисел изразија солидарност со Велика Британија за нападот со токсичен гас врз рускиот екс шпион Сергеј Скрипал и ќерка му Јулија и побараа од Русија да одговори на прашањата на кои Лондон бара одговор.

“ЕУ силно го осудува нападот против Сергеј и Јулија Скрипак во Салисбери во Велика Британија на 4 март 2018 година, напад во кој тешко беше повреден полициски службеник. Животите на многу граѓани беа под закана поради овој нелегален акт”, вели министерското соопштение.

Но, европските министри во соопштението не рекоа дека Русија е одговорна за овој напад како што бараа Британците. И покрај јасниот консензус помеѓу министрите дека Москва стои зад овој напад, обвинувањето беше испуштено поради грчкото противење.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас го потпиша соопштението на ЕУ, но не дозволи Русија да биде обвинета за нападот се додека научниците од Меѓународната организација за забрана на хемиско оружје не завршат со истрагата за овој напад со токсичниот гас “новичок”, пишува денес европскиот портал ЕУОбзервер.

Коѕијас ги предупредил неговите ЕУ колеги дека не треба да се презема ваков чекор се додека за тоа не се добијат докази, изјавил грчки портпарол за ЕУОбзервер. Според портпаролот, во министерската сала не дошло до драма но дискусијата била жешка.

“Грците инсистирале велејќи дека не треба да се споменува Русија во соопштението на ЕУ, па била потребна одлучна акција на Шведска пред се, a и на балтичките држави, за да се дојде до заклучок”, изјавил за ЕУОбзервер Џонатан Ејал, британски експерт кој се повикува на свои извори во ЕУ.

Британскиот министер Борис Џонсон не побарал нови санкции против Русија поради нападот во Салисбери, но таков чекор може да се очекува доколку Русија одбие да соработува со британската истрага.

Писмото на Јункер до Путин предизвикува “гадење”

Јункер и Путин за време на една средба

Досега нема реакции за грчкото одбивање во соопштението јасно да се каже дека Москва е одговорна за нападот, но Британците денес остро реагираат на писмото претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер му го испратил на Владимир Путин за да му го честита новиот мандат на чело на руската држава.

Според Британците, писмото на Јункер не само што е премногу љубезно туку предизвикува “гадење” и никаде не го споменува проблемот со нападот врз Скрипал.

“Отсекогаш сум велел дека позитивните односи помеѓу Европската унија и Руската федерација се клучни за безбедноста на нашиот континент”, пишува Јункер и бара од Путин да помогне во повторното воспоставување безбедносна соработка помеѓу двете страни.

“Нашата заедничка цел треба да биде повторно воспоставување на пан-европска соработка за безбедност”, пишува Јункер и изразува надеж дека Путин ќе го искористи овој четврти мандат за да се оствари оваа цел.

Европскиот пратеник Ешли Фокс му се налути на Јункер

Британскиот пратеник Ешли Фокс, кој ја води британската парламентарна група на Конзервативците во Европскиот парламент, изјави дека Јункер “му прави задоволство на човекот што е јасна закана за западната безбедност”. И додава дека фактот што Јункер никаде во писмото не ја споменува руската одговорност во нападот врз Скрипал предизвикува “гадење” кај Британците.

 

Велика Британија Владимир Путин Грција ЕУ Ешли Фокс Жан-Клод Јункер Русија Сергеј Скрипал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.