Грчкиот премиер Алексис Ципрас прогласи национална жалост во земјата поради жртвите од поплавите, во кои загинаа 15 лица, јавија грчките медиуми.

– Прогласувањето национална жалост е најмалку што можам да направам, изјави Ципрас.

Министерството за надворешни работи на Грција се очекува да објави тридневна национална жалост.

Ципрас истакна дека ќе се направи „целосна истрага  за да не се повтори катастрофата“.

Тој најави дека Владата ќе им помогне на семејствата на жртвите со сите можни средства, како и на домаќинствата и претпријатијата зафатени од катастрофалните поплави.