Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во хеликоптерска несреќа во САД: Загина Коби Брајант

0
By Нова ТВ on January 26, 2020 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трагична вест го погоди светскиот спорт. Американските медиуми јавуваат дека Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа во САД.

Информација за несреќата прв објави американскиот таблоид „ТМЗ“ за потоа и „Лос Анџелес Тајмс“ да излезе со фотографија од местото на несреќата со дополнување дека сите патници и членови на екипажот ги загубиле животите во падот на хеликоптерот.

„Свесни сме за вестите што кружат за Коби Брајант, наскоро ќе ве известиме со детали“, објави „Лоса Анџелес Тајмс“ на својата интернет страница.

Смртта на Коби Брајант е „брејкинг њуз“ во сите водечки американски и светски медиуми. Во извештаите на дел од нив се наведува дека Брајант го загубил животот со уште четири лица во уривање на неговиот приватен хеликоптер кај Калабасас во Калифорнија.

Медиумите, исто така, нагласуваат дека меѓу настраданите не се неговата сопруга и четирите деца.

Коби Брајант целата кариера ја мина во екипата на Лос Анџелес Лејкерс со која освои пет шампионски прстени во НБА лигата. Една сезона го понесе и признанието за МВП во американската професионална кошаркарска лига и две сезони беше најдобар стрелец.

Покрај петте клупски титули, Брајант има и олимписко злато со репрезентацијата на САД. Кошарката ја напушти во 2016 година.

Коби Брајант кошарка несреќа САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.