Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во јавната администрација има родов дисбаланс во многу сектори

0
By Нова ТВ on March 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Податоците кои денеска ги објави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за вработените во јавната администрација покажуваат родов дисбаланс во многу сектори.

Најизразена е ситуацијата во Уставниот суд каде што 90 проценти од вработените се жени. Ваков сооднос, но во корист на мажите има во секторот животна средина и  во транспорт каде што речиси 90 проценти од вработените се мажи.

Жените доминираат во секторот труд и социјала каде што од вкупниот број на вработени 79 проценти се жени, во здравството – жените се 70 проценти од вкупниот број на вработени, во образованието – повеќе од 60 проценти, колку што се и  во правосудството и во јавното обвинителство. Интересен е и податокот дека кај претседателот на државата, исто така повеќе од мнозинството вработени или 66 проценти се жени.

Мажите пак доминираат во информатичкиот сектор, комуналните работи и во секторите земјоделство и правда. Во овие сектори од вкупниот број на вработени околу 80 проценти се мажи.

Родов баланс има само во културата каде што речиси е изедначен бројот на вработени мажи и жени и во секторите управа и информирање.

Во вкупниот број на вработени во администрацијата 54 проценти се жени, а 46 проценти се мажи, но нема податоци за позициите кои ги извршуваат и за висината на платите кои ги примаат.

Манчевски денеска кажа дека вкупниот број на вработени администартивци во 2017 година е 139 оо9. Од нив 128.722 се вработени во јавниот сектор, каде исто така има уште 1.624 лица кои работат според Агенцијата за привремени вработувања. Во акционерските друштва со 100 % државна сопственост вработени се  8.633 вработени, а преку Агенцијата за привремени вработувања анагажирани се 30 лица.

Според министерот за  информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, бројот на  вработени преку Агенциите за привремени вработувања е намален за 950 лица, во споредба со 2016 година, а во акционерските друштва пак, бројот на вработени се намалил за 400 лица.

Најмногу вработени има во секторите образование и здравство, каде што работат половина од вкупниот  број на административци. Потоа следува министерството за внатрешни работи со речиси 12 000 вработени и министерството за одбрана со 7.000 вработени.

администрација бројка јавна администрација МИОА родова еднаквост родова состојба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.