Поранешниот фудбалер и капитен на Барселона, Чави Ернандез (39) во нова улога во Катар. Назначен е за нов тренер на тамошниот Ал Сад, клуб во кој во текот на сезоната и ја заврши својата играчка кариера. Шпанецот потпиша двегодишен договор со управата и на новата функција ќе стапи кон средината на јули пред почетоко на подготовките во Џирона.
Чави замина од Барселона како рекордер по бројот на одиграни натпревари (767) и во 2015 година се пресели во Катар. Со Каталонците освои осум титули во шпанска Примера и четири во Лигата на шампиони на УЕФА.