Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Њујорк утре нова рунда преговори Скопје – Атина

0
By Нова ТВ on January 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 16, 2018 09:13

Нова рунда преговори, втори од нивното обновување, ќе се одржи утре во Њујорк меѓу преговарачите на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц.

Посредникот во преговорите за името ќе се состане со преговарачите во напорите да се пронајде решение за речиси тридеценискиот спор за името меѓу двете земји, кој е кочница за европската и евроатлантската интеграција на Македонија.

Нимиц вчера во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ истакна дека нема да излезе со нов предлог за името, туку со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото.

– За ова прашање дискутираме повеќе од 20 години и повеќето од идеите веќе биле ставени на маса. Но, секогаш постои нов и друг начин за работите да бидат разгледани, од малку поинаква димензија. Затоа, мислам дека луѓето ќе го гледаат прашањето од малку поинакво светло. Секако, нема ништо што е сосема ново и мислам дека ова веќе сум го кажал. Не постои волшебно решение за ова прашање, рече медијаторот во интервјуто, кое го пренесе МИА. 

Тој оцени дека постои позитивен моментум во Скопје, додавајќи дека новата Влада е мошне заинтересирана да го реши спорот. Позитивна клима гледа и кај грчката страна.

Нимиц напомена дека постојат и други прашања освен името, како што се неговата употреба, но и прашањето за идентитетот, кое како што рече предизвивува голема загриженост во Македонија.

– Постојат и други прашања покрај името – неговата употреба, идентитетот…, што предизвикува голема загриженост кај северниот сосед и затоа треба да бидеме исклучително чувствителни во врска со тоа. Постои загриженост и во Грција за некои историски прашања, за историското и културното наследство, учебниците… Овие прашања се важни, но мислам дека има решенија за нив. Двете соседни земји можат да ги решат, ако прво се реши основното прашање, истакна Нимиц во интерјуто.

Претходната рунда преговори, која беше прва по тригодишниот застој во процесот, се одржа во Брисел на 11  и 12 декември, кога беше најваено дека Нимиц секој месец ќе одржува средби со преговарачите, со цел да се најде решение.

Новата рунда разговори доаѓа во период на интензивирани активности и оптимизам во Скопје, Атина, Брисел и Вашингтон за конечно затворање на спорот. 

На состанокот во Њујорк, како што објави МИА, се очекува Нимиц да стави на маса иницијална рамка за надминување на разликите околу името. Ова беше потенцирано на последата средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, која се одржа во Солун минатата недела, а за која двете МНР-а не изнесуваа ниту време, ниту локација се до нејзиното одржување.

Димитов и Коѕијас се договорија да имаат подиректна улога во разговорите со цел да се поттикне забрзуваење на решавањето на спорот, а за таа цел договорија и формирање на работни групи, со кои ќе раководат лично тие и кои првиот состанок ќе го имаат следниот месец.

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас изминатите денови изјавија дека постојат можности да се најде решение за спорот во првата половина на 2018 година. Според најавите во маедиумите и во Грција и во Македонија, можна е средба на двајцата премиери на а Светскиот економски форум што од 23 до 26 јануари ќе се одржи во Давос, Швајцарија,. Освен премиерите, во Давос ќе бидат и шефовите на дипломатиите на двете земји Дмитров и Коѕијас.

Василакис Заев Наумовски Нимиц Њујорк Преговори за името Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.