Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири години од настаните во „Диво насеље“- се чека меѓународна истрага

0
By Нова ТВ on May 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 9, 2019 09:29

Денеска се навршуваат четири година од оружената пресметка во кумановското „Диво насеље“, што траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи,  додека четириесетина беа тешко повредени.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на државата од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

Покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

37 лица обвинети за терористичка организација, тероризам и помагање

За „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд започна судски процес против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите  пред Судот се изјаснија дека се невини.

Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица – помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се искачи на вкупно 37.

Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 лица беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда.

Кривичниот суд во ноември 2017 година на казна доживотен затвор осуди осуммина обвинети за терористичкиот напад во Диво Насеље, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор.

На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.

Пресудата за овој случај требаше да биде донесена на 17 октомври, но беше одложена поради локалните избори на барање на МВР.

Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација.

Насер Рауфи, кој е еден од адвокатите на осудените, по изрекувањето на пресудата, рече дека ова е сценарио на тајните служби и дека не очекувал обвинетите да добијат толку високи казни. Тој смета дека станува збор за монтиран предмет и побара независна истрага.

Владата во ноември минатата година прифати да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Диво насеље“.

Владата во ноември пред две години прифати да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Диво насеље“. Премиерот Зоран Заев изјави дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановската населба.

Косовската влада во исто време донесе одлука, да додели по 10.000 евра помош за семејствата на жртвите во Диво насеље, што од македонските власти беше оценета како „лоша одлука“.

Две години „Диво насеље“: Истите прашања и натаму без одговор

На 9 и на 10 мај 2015 година, во Диво насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Три години подоцна, има повеќе верзии за она што се случувало на 9 и 10 мај 2015 година.

Според една верзија, полицијата реагирала да неутрализира терористичка група која неколку месеци претходно веќе ја запоседнала кумановската населба и делувала како паралелна вооружена формација.

Според друга верзија, зад акцијата стои сценарио за одвлекување на вниманието на јавноста од „бомбите“ кои во јавноста почна да ги објавува опозицијата, а кои говореа за корупцијата во власта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.