Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ќе има одговори за Сопот, Смилковско, Диво насеље, Младенов

1
By Нова ТВ on November 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 24, 2017 14:43

Македонија не може да каже дека е нормална држава ако продолжи да живее во мистерија преку случаите како што се „Сопот“, „Смилковско езеро“, „Диво насеље“ и смртта на Никола Младенов. Мора да има одговор на сите прашања, граѓаните тоа го бараат и Владата тоа ќе им го обезбеди, рече премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница, одговорајќи на прашањето на пратеникот од Беса, Африм Гаши.

Заев нагласи дека се бара меѓународна истрага зашто е преисполитизирано општеството. Суштината е, напомена, како да се обезбеди меѓународна истрага за граѓаните да ја знаат вистината.

– Додека не се врати комплетната доверба во институциите, особено судството, дотогаш и ние во Владата ќе пишуваме дека за одредени случаи ќе спровдуваме меѓународна истрага која се надеваме ќе им ги даде на граѓаните одговорите на прашањата. Граѓаните сакаат да знаат што се случило, зошто се случило, кои биле причините. Ако тоа Македонија го направи, ќе ја заврши работата пред граѓаните. Убеден сум дека Македонија се движи кон такво време и дека граѓаните ќе ги добијат одговорите на сите прашања. Зборувам за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Боњаци, Срби, истакна Заев.

Според него, за случаите за кои граѓаните бараат одговор, стои и во владината програма.

– Суштината е како да се обезбеди меѓународна истрага за граѓаните да ја знаат вистината. Едно е преку пресуда, а друго преку афирмација на доказите. Бараме меѓународна истрага заради доказите, треба да изнајдеме начин како ќе ја обезбедиме таа истрага и гаранција, Граѓаните не коментираат за висината на казните, туку бараат одговори: дали е убиен Никола Младенов, зошто влегле во Куманово, кој им дал простор, дали некој ги излажал да дејствуваат во многу чувствително време, подвлече премиерот Заев.

Диво насеље Заев меѓународна истрага Младенов пратенички прашања Смилковско Сопот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.