Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во oчекување на првиот твит на Трамп

0
By Соња Крамарска on November 22, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СОЊА КРАМАРСКА

 

Некој би рекол што има Македонија да коментира за состојбите во Твитер и има право затоа што овде имаме само 93,8 илјади Твитер корисници наспроти 280 илјади на Линкдин, 809 илјади на Инстаграм и 945 илјади на Фејсбук.  

Твитер земјотресот главно ги зафати Вашингтон и Њујорк каде се води една од најголемите битки досега меѓу Демократите и Републиканците, или подобро речено меѓу Демократите и Доналд Трамп кој деновиве од новиот газда на Твитер, Елон Маск, е почестен со враќање на суспендираниот профил на социјалната мрежа.

Во неговиот познат театрален стил Маск бучно ја извести јавноста дека одлуката за враќање на профилот на Трамп ја донеле корисниците на Твитер на кои тој им ја даде одлуката на гласање, „за“ која гласаа – нешто повеќе од половина од анкетираните. Сепак фактите кои останаа во сенка на оваа операција се дека Трамп како корисник на Твитер кој имаше 90 милиони следбеници а по одмрзнувањето на профилот за само еден ден достигна 100 милиони, освен што е контроверзен и влијателен, носи и финансиска добивка за компанијата, што на крајот прави се да се сведува на пари а не на демократија. Контроверзноста на оваа одлука е уште поголема кога се знае дека Трамп беше отстранет од Твитер по настаните во Капитол Хил во јануари 2021 година кога неговите твитови за малку ќе го „запалеа“ и буквално Вашингтон поради неговото одбивање да го прифати поразот од Бајден.

Но додека го чекаме првиот твит на Трамп, ако воопшто се случи со оглед дека тој сега навредено изјавува дека трајно раскинал со Твитер, но од друга страна неговата платформа Truth Social е достапна само за корисници во САД, да потсетиме и зошто состојбите во Твитер се важни дури и за нас на југот на Балканот кого Американците не можат да го пронајдат ни на географска карта а камоли на гугл.

Твитер значи и слобода, демократија, пристап до важни информации без плаќање, модерна алтернатива на конвенционалните медиуми, а тоа „заспаната“ Македонија кога се светските теми во прашање, треба и тоа како да ја интересира. Битката што се одвива во и околу Твитер може да ја одреди судбината на социјалните мрежи како платформа пристапна за секаква категорија корисници, но може и да „роди“ моќно оружје во рацете на неколкумина кои ќе дадат ексклузивно право само на нивната вистина. Вклучително и овде во Македонија и регионот. Потегот на претходното раководство на Твитер да го исклучи американскиот претседател токму за да се избегне ескалација на безбедносната состојба по нападот на Капитол, доволно говори за моќта на социјалните мрежи и опасноста од објавување и ширење на експлозивна реторика.

НоваТВ во претходен напис се осврна на оваа светска тема број еден, при што се остварија и нашите предвидувања дека Маск ќе го врати на Твитер сцената својот идол Доналд Трамп. Во меѓувреме социјалната мрежа секој ден изненадува со новости кои ги консумираат медиумите ширум светот за што човек не може а да не се запраша дали Маск го минира Твитер или пак ја бустира неговата популарност со оглед дека користењето на социјалните мрежи станува планетарен феномен. Најновата бројка вели дека во светот има 4,74 милијарди корисници на социјални мрежи, што е повеќе од половина од светското население, од кои речиси 3 милијарди се на Фејсбук, а на Твитер се само 544 милиони корисници, што може да биде и причина за новиот сопственик да смислува начини како да го прошири опсегот ( и бизнис исплатливоста) на влијанието на Твитер.

Првите чекори, меѓутоа, му се контрапродуктивни затоа што вашингтонската и њујоршката елита кои се негови најбројни клиенти, во неговите потези видоа богаташки егзибиционизам, суровост кон вработените и инфантилно бранење на контровезните одлуки кои тој ги нарекува „нова политика на Твитер“.

Агенцијата за јавна безбедност на Вашингтон, која го користи Твитер за навреме да испраќа предупредувања до жителите за состојби кои го попречуваат нормалното функционирање на градот, минатата недела го исмеа Маск и укажа на можноста во иднина Твитер да биде платфрма на лажни вести. Исмевањето се случи токму на Твитер со необичен твит. „Најнова вест: Шумскиот пожар на Твитер зафати 44 милијарди хектари од кои само на 0 проценти од територијата е контролиран“, гласеше твитот. За да биде понижувањето на Маск доследно, под шегата, додадоа линк со корисни совети за тоа како да се прегледа веста за да се види дали е вистинска. Некои од советите вклучуваа да се погледне колку е стар профилот на Твитер и да се провери дали веб-локацијата на агенцијата за јавна безбедност се поврзува со профилот, алудирајќи на нарушениот кредбилитет на Твитер.

Сагата за Твитер несомнено ќе продолжи до некои други апсурдни одлуки на новиот сопственик, кои сосема сигурно водат во правец на тектонски промени во социјалните мрежи, не само во Твитер туку и кај конкуренцијата. Новата ера е започната, само да видиме каде ќе води.

 

 

 

 

Доналд Трамп Елон Маск Твитер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
ФОКУС

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

ВЕСТИ October 15, 2025

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција говорејќи за економските индикатори, изјави дека состојбата…

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

October 14, 2025

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.