Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во одбрана на Спасов, Груевски “удри“ по амбасадорите и опонентите

0
By Нова ТВ on November 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во денешниот свој говор на Годишната конференција на Унијата на жени на партијата, во замислено сценарио ги критикуваше сите свои политички опоненти, странските амбасадори, Специјалното јавно обвинителство и новинари и невладини организации.

Осврнувајќи се на случајот со Диме Спасов, кој ја разбрани јавноста, Груевски вели реакциите ќе биле поинакви доколку во случајот на Спасов, било лице од СДСМ, а министер во МВР би бил од ВМРО-ДПМНЕ.

„После хајката со Диме, мислам дека и на последниот човек во земјава се му јасно. Снимките јасно одговорија на што и немам што да додадам. Само можам да замислам што ќе се случеше ако беше обратно.

Јунаците од СДСМ со трчење и плачејќи ќе отидеа во сите амбасади во земјава. После некои од амбасадорите мераклии на Твитер ќе испратеа некоја порака преку Твитер и ќе побараа итна средба за половина час кај мене а првата реченица ќе им беше дека нивните главни градови се згрозени и шокирани. Па за еден час или два ќе твитнеше некој странски министер во поддршка на амбасадорите онака случајно и несинхорнизирано, следеле ситуација во земјава.

Потоа најмалку пет амбасадори ќе прочитаа нешто под прозорот или во штабот во смисла дека демократските процеси се загрозени, дека се многу загрижени, дека бараат да се расчисти случајот, дека ќе влезе тоа во сите можни извештаи, дека ќе има одговор и санкции. До вечерта сигурно и 2-3 министри за надворешни работи ќе изразеа загриженост, осуда, одлибску ќе мониторираат, па дека ова не оддалечува од НАТО и ЕУ.

Од утредента сите невладини организации на еден познат светски филантроп ќе се изредеа и нивните домашни платеници ќе се испотепаа кој повеќе да нападне небаре хонорарот кој треба да го добијат е по учинок.

Во целата таа гужва, најсреќен ќе беше СДСМ и Зоран Заев. Ете им причина пак да најават бојкот. Заев ќе го најавеше излегувањето од изборниот процес. На ова ќе се налепеа разни маргиналци и платени новинари и по некој глумец, пејач, спортист, лекар, професор и натаму за да е разноврсно за да одработат хонорар.

Ама бидејќи сега е обратна сиуацијата, сега од амбасадорите нема ниту глас ниту реакција, не се они такви што сакаат да се мешаат“, е сценариото кое го опиша Груевски.

Меѓу другото, Груевски порача дека Зоран Заев знаел дека ќе ги изгуби изборите во декември бидејќи немал што да понуди, затоа што никој не верувал дека може да биде премиер.

– Затоа што сите знаат дека тоа што денес го кажува утре нема никаква вредност. Зборот за него не вреди, рече Груевски во својот говор.

Диме Спасов Никола Груевски СЈО странски амбасади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.