Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Охридското Езеро во моментот се одржува јубилејното 50-то издание на пливачкиот маратон

0
By Sashko on August 21, 2021 СПОРТ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 21, 2021 13:48

Во водите на Охридското Езеро во моментот се одржува јубилејното 50-то издание на Охридски пливачки маратон, прва од четирите трки во Серијата ултра пливачки маратони на Светската пливачка федерација (ФИНА).

Пливачите влегоа во езерото во 11 часот кај Свети Наум, а првите маратонци на целта кај Градското пристаниште во Охрид, оддалечено 25 километри, се очекува да стигнат за приближно шест часа.

Временските услови за маратонот се поволни, температурата на водата е 25 Целзиусови степени, но мал проблем претставува умерениот северен ветар што го бранува езерото и дува спротивно од насоката на пливањето.

Меѓу 12 пливачи и седум пливачки учесници на маратонот се неколку познати имиња, како Марк Антоан Оливие од Франција, светски шампион на пет километри, бронзен од Олимиписките игри во Рио де Жанеиро и шестопласиран на Олимпијадата во Токио, потоа неговиот сонародник Аксел Рејмонд, светски шампион на 25 километри за 2019 година, како и нашиот Евгениј Поп Ацев, победник на ФИНА Светската серија на Ултра маратони во 2019 година. Од нашите маратонци во водите на езерото влезе и Александар Илиевски.

Кај жените на стартот, меѓу познатите се освојувачката на сребро на десеткилометрскиот маратон во Доха – Ошан Касињол, како и ветеранката и нам добро позната неколкукратна победничка на охридскиот маратон – Пилар Гељо од Аргентина.

Наградниот фонд на пливачкиот маратон изнесува 10.000 долари, рамномерно распореден во двете категории.

Првиот Ултра маратон што требаше да се одржи во Канада е откажан, додека по охридскиот ќе следуваат уште две трки – на патеката Капри во Италија и Росарио во Аргентина.

Ова е 50-ти пат светската пливачка елита да се собере на Охридското Езеро, а 35-та трка од возобновувањето на Охридскиот пливачки маратон. 

Охрид Пливачки маратон спорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.