Едно лице е повредено во пукање што попладнево се случило во парк во скопски Чаир.
Случајот во Секторот за внатрешни работи – СВР, Скопје го пријавиле од Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, каде што повредениот бил пренесен.
МВР информира дека од ГОБ „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ. Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на улица ‘Кемал Сејфула“ во Скопје“
Од МВР не ја наведуваат возраста на повредениот ниту, пак, сериозноста на неговата состојба.