Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Психијатриската болница-Демир Хисар доаѓа нов тим лекари, во изолација 30 вработени

0
By Менче Атанасова Точи on April 3, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 3, 2020 09:14

Скоро 30 лица вработени во Психијатриската болница во Демир Хисар меѓу кои и сите  9 лекари се во 14 дневна изолација, откако еден од психијатрите е позитивен на коронавирус. Лекарот за кој во болницата тврдат дека бил без симптоми, последно дежурство имал на 25 март, а два дена подоцна е во изолација. Тој самиот се пријавил за тестирање откако родителите на неговата сопруга, кои не живеат со нив се покажале позитивни на вирусот.

Директорката Татјана Лозановска вели дека откога лекарот и соопштил дека е позитивен на КОВОД-19, веднаш било известено Министерството за здравство и се преземени сите неоходни мерки. Таа реагира на информациите на некои портали кои известувале дека  лекарот доаѓал болен на работа.

„Точно е дека еден од докторите специјалисти психијатри, кој е од Прилеп од 27 март е во изолација, откако дознал дека членови на неговото семејство се заразиле и се потврдило дека се позитивни. Тестиран е, резултатот го добил на 1 април и е позитивен. Докторот достави список на лица со кои беше во контакт, на работа, на состаноци. Тој цело време е асимптоматски, дури и сега кога е во изолација. Направена му е епидемиолошка анамнеза и ги посочил сите триесетина луѓе со кој бил во контакт и сите ние сме во изолација“, изјави за НОВА Лозановска.

Засега нема да бидат тестирани ниту вработените ниту пацинетите. Околу 30 вработени остануваат во изолација до 10 април, а од Центарот за јавно здравје ќе бидат контактирани на дневна основа.

Психијатриската болницата има 255 хоспитални и речиси уште толку екстра хоспитални пациенти кои доаѓаат во двата дневни центри за ментално здравје(во Прилеп кој е исто така затворен и во Демир Хисар), така што во моментот бројот на пациенти кои ги згрижува оваа болница е 523 пациенти.

Оваа здравствена установа која го покрива југо-западниот региони има 274 вработени, меѓу кои 5 психијатри, еден интернист, стоматолог, 6 доктори на специјализација, психолози, социјални работници, над 80 медицински сестри, 37 болничари. Има акутен и хриничен оддел, судско, како и алкохолно одделение и екстра хоспитален дел.

Во склоп на објектот постои уште една карантинска зграда каде што се примаат лица по потреба од карантните одредени од државата каде што се сместени граѓани кои доаѓаат од странство. Лозановска тврди дека таму се сместени и пацинети кои се вратиле од терапевтски викенд кога почнаа вонредните мерки и се ставени во изолација.

Таа вели дека и претходно со вонредните мерки е востановена забрана за посети и излегувања.

Во едно одделение во засебна зграда, во кое пациентите се поделени по пол, веќе е спроведена изолација, уште едно одделение во самостојна зграда е наменето за нови приеми каде во моментов има еден пациент.

„Сега после новонастанатата состојба се организираме и веќе имаме нови лекари, доктор од Битола кој ќе биде 24 часа тука, а доаѓаат и двајца лекари од Прилеп. Секако тука се лекарите од Психијатриската болница од Скопје и ние што ќе бидеме достапни на телефон цело време“, рече Лозановска.

Таа и на својот фејсбук профил, хронолошки објасни што се случувало и што е превземено за да не се прошири вирусот. Вели дека тоа го направила за да се знае дека се преземени сите мерки и патеки во вакви ситуации.

„Нови приеми мора да има за потребите на граѓаните затоа дефиниравме соодветен протокол при прием и тоа земање на епидемиолошка анамнеза на пациентот,мерење на телесна температура. Имаме набавено доволна количина маски, а дел шиеме сами, имаме ракавици, очила, визири, скафандери, мантили, капи, калчуни за еднократна употреба, а има и доволно лекови, храна, хигиенски средства, како и средства за дезинфекција, а во тек се и нови набавки“, објаснува Лозановска.

Таа апелира до сите на смиреност и одговорност, a болницата продолжува и понатаму со работа.

Вчера на прес конференција министерот Филипче соопшти дека психијатар од Психијатриската болница во Демир Хисар е позитивен на коронавирсур. Сите лекари се ставени во изолација, а во болницата е направена реорганизација. До завршување на самоизолацијата на вработените ќе се ангажираат други доктори од Битола и Прилеп, а по потреба ќе бидат вклучени и психијатри од Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово, а преку телемедицина и од Психијатриската болница во Скопје.

Искуството од другите држави говори дека токму, психијатарските болници со голем број на пациенти и персонал, домовите за стари лица, геријатрија и затворите се најголема опасност доколку дојде до појава и ширење коронавирусот. Во болницата во Демир Хисар засега работите е под контрола, но не се знае како ќе се одвиваат понатаму, особено заради контактите што ги имал лекарот со пациентите на последното дежурство, на 25 март.

Демир Хисар Коронавирус лекари Психијатриска болница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.