Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во „Пуч“ нема обвинети,„Таргет“ и „Тврдина“ ќе докажат кој прислушувал

2
By Нова ТВ on January 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 18, 2017 15:06

По речиси две години од обелоденувањето на „Пуч“, Специјалното јавно обвинителство денеска го запечати овој случај. Тимот на Катица Јанева како причина за повлекувањето на обвинението наведе дека „фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт  е спротивна  со доказите со кои тие располагаат“ и со наодите на обвинителството во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.

Целта на ваквата одлука е да се „приберат дополнителни докази што во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување правилна и законита јавнообвинителска одлука“. За одлуката СЈО денеска со допис ќе го запознае и Основниот суд Скопје 1.

– Појаснуваме дека во насока на професионално работење, ние не може да застапуваме обвинителен акт кој е во спротивност со доказите со кои располагаме и истрагите отворени од наша страна. Воедно укажуваме дека со откажување од обвинителниот акт во предметот „Пуч“, ние не прејудицираме дали некој е невин или виновен, туку сметаме дека за целосно и точно утврдување на фактичката состојба, потребни се дополнителни докази, кои не можат да бидат прибавувани во фазата на главна расправа – стои во соопштението од СЈО.

Кој прислушувал?

Случајот „Пуч“ за прв пат беше објавен на 31 јануари 2015 година, кога Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за насилство врз претставници на највисоките државни органи против поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, службеникот во општина Струмица Бранко Палифров, лидерот на СДСМ Зоран Заев и вработениот во МВР, Ѓорги Лазаревски.

Истиот ден експремиерот Груевски на прес-конференција рече дека Заев со уцени и закани го ставил на маса барањето за техничка Влада. При крајот на 2014 година имало четири средби меѓу лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и премиерот Никола Груевски и на нив претседателот на СДСМ му кажал дека има снимки набавени од странски служби и со нив го уценувал премиерот да попушти за барањето за техничка влада, соопшти тогаш премиерот.

Случајот „Пуч“ стана контроверзен за јавноста, откако снимките од средбите на Груевски и Заев проструија во јавноста, а медиумите ги објавија повикувајќи се на видео материјал на анонимен профил од социјалната мрежа Ју-тјуб, иако имаше ставови на експерти дека тие снимки се прибавени со ПИМ мерки и не смеат да бидат објавени пред очите на јавноста.

Груевски остана на тезата дека странски служби стојат зад ова сценарио, но до ден денес не откри за чии странска служба се работи. Тој рече дека жолти комбиња на странски служби поставиле базни станици околу државните институции и така ги снимале разговорите.

Лидерот на СДСМ Заев на прес-конференција излезе со одговор и отфрлање на овие обвинувања. Рече дека аудио снимките ги добил од чесни луѓе, кои биле сведоци на масовното прислушување кое го вршеле премиерот Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на УБК Сашо Мијалков.

Оттогаш следуваа низа прес-конференции на Заев на кои тој објави аудио снимки кои укажуваат на криминал, корупција, узурпација на државните институции од страна на власта, како и злоупотреба на функциите.

Обвинението за случајот „Пуч“ беше поднесено од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 1 мај 2015 година. Надлежноста врз случајот, кон крајот на 2015 година, ја презеде Специјалното јавно обвинителство бидејќи станува збор за предмет кој е поврзан и произлегува од незаконското следење на комуникациите. Иако имаше повеќе обиди, судскиот процес за „Пуч“ не почна.

Пуч, Таргет и Тврдина

За случајот „Пуч“ веќе е осуден поранешниот инженер во УБК, Звонко Костовски, кој го призна делото и се спогоди со обвинителството. Сепак за неговата пресуда СЈО до Врховниот суд поднесе Барање за заштита на законитоста (БЗЗ), заради неколку спорни моменти. А, единствен сведок во случајот беше актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски.

Од доказите во предметот „Таргет“ СЈО соопшти дека прислушувањето било вршено од Управата за безбедност и контраразузнавање преку нејзините системи за следење на комуникација, во период од 2008 година до 2015 година.

Осомничени се 10 поранешни и сегашни вработени во УБК кои се наоѓале на раководни позиции или биле дел од пониски ешалони. Овие лица, чиј идентитет СЈО не го откри, најверојанто се Костовски, Лазаревски и Верушевски, кои според наводите во „Таргет“ се тие кои што го откриле прислушувањето, за разлика од „Пуч“ каде се обвинети дека тие незаконски прислушувале.

Обвинителката Ристоска рече дека СЈО не поседува докази дека странски разузнавачки служби прислушувале.

Во вториот случај „Тврдина“ осомничени се службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле средствата за незаконско следење на комуникациите. Во истрагата осомничена е и поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која се товари дека уништила опрема вредна 10 милиони евра.

По објавувањето на одлуката на СЈО за повлекување на обвинението за „Пуч“, со соопштение излезе СДСМ, во кое оттаму велат дека пропадна најголемиот, најочајниот и најнискиот обид за судски монтиран процес во независна Република Македонија, инициран од поранешниот премиер Никола Груевски.

„Со денешната одлука на Специјалното јавно обвинителство, да се откаже од обвинителен акт против претседателот на СДСМ, Зоран Заев и другите лица во таканаречениот случај Пуч – и официјално се потврди дека “странските служби, жолтите комбиња, тактичката опрема, клонираните базни станици“ се несовесна и безобразна измислица на Никола Груевски. Груевски, фатен во скандалот со нелегалното прислушување заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков, ги лажел за свои интетеси граѓаните на Република Македонија!“, велат од СДСМ

 

 

Никола Груевски обвинение пуч СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

ВЕСТИ January 28, 2026

Секој ден ќе бидеме пред Влада додека не ја постигнеме целта, а тоа е зголемување…

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

January 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.