Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во САД од 8 ноември ќе можат да патуваат само лицата кои примиле една од седумте вакцини одобрени од ФДА и СЗО

0
By НОВА ТВ Balaban on October 26, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе има „ограничени исклучоци“ за невакцинирани патници кои патуваат од околу 50 земји со исклучително ниски стапки на вакцинација, а кои вклучуваат некои од најсиромашните нации во светот, многу од оние во Африка. Исклучоците од овие мерки за патување во САД се и децата под 18 годишна возраст.

САД од 8 ноември ги отвораат своите воздушни граници за целосно вакцинирани странски посетители кои имаат примено една од седумте одобрени вакцини против Ковид-19 и кои ќе прикажат негативен тест за Ковид-19 направен три дена пред патувањето, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, во САД ќе можат да патуваат сите кои се вакцинирани со вакцини одобрени од Администрацијата за храна и лекови на САД и од СЗО – американските на Модерна, Фајзер, и Џонсон и Џонсон, како и британската Астра Зенека, индиската Ковишилд, и кинеските Синофарм и Синовак. Руската Спутник се уште не е одобрена, како од ФДА така и од СЗО.

-Политиката ќе овозможи рестарт на регуларните патувања за оние кои се целосно вакцинирани. Семејствата и пријателите ќе можат повторно да се сретнат, а туристите ќе можат да ги посетат нашите национални паркови и познати места. Политиката ќе го засили економското закрепнување на САД и со задоволство гледаме дека тоа започнува на 8 ноември, изјави портпаролот Нед Прајс.

Берзите во САД вчера изреагираа позитивно на новостите за отворање на САД за странски посетители, индексите на Нaсдак и, Доу Џонс порасна за 36.6 и 60.

Ќе има „ограничени исклучоци“ за невакцинирани патници кои патуваат од околу 50 земји со исклучително ниски стапки на вакцинација, а кои вклучуваат некои од најсиромашните нации во светот, многу од оние во Африка. Исклучоците од овие мерки за патување во САД се и децата под 18 годишна возраст. Сите невакцинирани, вклучително и децата, сепак ќе треба да направат негативен тест пред патувањето. Оние на кои им е одобрен исклучок мора да се согласат да се вакцинираат во САД ако имаат намера да останат повеќе од 60 дена.

Исклучоците ќе вклучуваат и „одредени учесници во клинички испитувања за вакцина против Ковид-19, оние со медицински контраиндикации за вакцините и оние кои треба да патуваат од итни или хуманитарни причини“, соопшти Белата куќа, јави Гласот на Америка.

-Новиот систем, исто така, вклучува засилени барања за тестирање, зајакнување на следењето контакти, како и носење заштитни маски“, рече висок претставник на Администрацијата.

-Ова се строги безбедносни протоколи според научните факти за да ја зголемат безбедноста на Американците овде дома и безбедноста на меѓународните авионски патувања“ велат од Белата куќа.

вакцини патуваат САД СЗО ФДА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.