Учествувале мотоцикл „хонда“, управуван од Д.А.(24) од Скопје и автомобил „ауди А3“, управувано од Д.В.Д.(20) од Холандија и сопатник С.З.(20) од Холандија, и двете со скопски регистарски ознаки.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти детали за тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи во скопски Аеродром, а во која загина млад мотоциклист од Скопје, а две лица од Холандија се повредени.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила во 22.05 часот на крстосница на булеварот Јане Сандански, кај маркетот „Веро“.

– Учествувале мотоцикл „хонда“, управуван од Д.А.(24) од Скопје и автомобил „ауди А3“, управувано од Д.В.Д.(20) од Холандија и сопатник С.З.(20) од Холандија, и двете со скопски регистарски ознаки. На местото на незгодата починал мотоциклистот, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош. Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Очевидци сведочат дека возачот на мотор со многу голема брзина поминал на црвено светло на семафорот и се удрил во возилото „ауди“.