Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Србија протест на вработените во образованието

0
By Marija Todorovska on November 1, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 1, 2024 14:03

Белград: Вработените во образованието во Србија собрани на  протестот пред српското Собрание уште еднаш ја отфрлија понудата на српската Влада за зголемување на платите за 11 отсто и повторија дека нема да се откажат од претходно постигнатиот договор, јави Бета.
Марина Миленковиќ од Образовниот синдикат на Србија на средбата рече дека високото образование никогаш не било тема на дијалог и праша зошто основицата на платите во високото образование е за 14 отсто помала од онаа во основните и средните училишта.

„Дијалог за високото образование никогаш не постоел иако неколку категории… добиваат помалку од минималната плата“, рече Миленковиќ.

Таа рече дека иако од Министерството за финансии велат дека образованието е голем трошок, треба да знаат дека високото образование е инвестиција во иднината.

Просветните работници се упатија во колона кон Владата на Србија.

Синдикалците го најавија денешниот протест бидејќи понудата на Владата на Србија за зголемување на платите ја сметаат за недостојна за професијата што ја практикуваат и инсистираат платите на просветните работници да бидат еднакви со националниот просек.

Последната понуда на Владата на Србија е платите на сите вработени во системот на предучилишно, основно, средно и високо образование да се зголемат за 11 отсто од 1 јануари 2025 година.

образование протест Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.