Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ најави дека ќе учествува на Олимписките игри во Токио. По победата на Вимблдон, минатиот викенд, српскиот тенисер рече дека можеби нема да патува на Игрите.
– Горд сум што одам во Токио и заедно со нашиот тим ќе се борам за медал на олимписките терени. За мене, настапите за репрезентацијата на Србија отсекогаш претставувале посебна радост и мотивација, и ќе дадам сè од себе да нè направам сите среќни, изјави Ѓоковиќ за „Tennis World USA“.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.