Турските власти денеска издадоа наредба да се уапсат вкупно 56 осомничени членови на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), објави турската телевизија НТВ.
Операцијата се спроведува по наредба на Истанбулското главно обвинителство. Акцијата се спроведува во Истанбул и во уште 18 други области, меѓу кои и Адана, Анкара, Ајдин, Бингол, Хатај, Измир, Текирдаг и Зонгулдак.