Турската полиција за борба против тероризмот денеска привела 37 осомничени членови на Исламска држава во рамки на антитерористичките операции кои се спроведувале во неколку области во земјата.

Полицијата привела 25 лица минатата ноќ при операции извршени истовремено во девет окрузи во Турција, вклучувајќи го и Истанбул, а кои се насочени против осомничени членови на ИД.

Во други полициски акции синоќа во Адана се уапсени 12 лица, меѓу кои и две деца, осомничени за поврзаност со џихадистичката група. Меѓу приведените се наоѓа и едно 12-годишно девојче.

Властите во округот Хатаи, во југоисточниот дел на Турција, соопштија дека сириски државјанин, кој се обидел илегално да влезе од Сирија во Турција, бил уапсен вчера со 5,25 килограми експлозив и девет детонатори.