Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во вторник, домашно задолжување на Владата од 24 милиони евра

0
By Нова ТВ on January 21, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во вторник Министерството за финансии повторно ќе се задолжи. Од домашните банки и осигурителни компании ќе земе заем од речиси 24 милиони евра.

Ова ќе биде второ задолжување на домашниот пазар годинава, а трето после еврообврзницата од половина милијарда евра. Од Министерството за финансии велат дека парите се земаат за да се врати стар долг. Заемите и враќањето на долговите веќе се објавени на календарот на Министерството за финансии.

-Од тие објави јасно е дека планираното повлекување на средствата по основ на  конкретната аукција на ДХВ е еднакво на она што доспева по истиот основ во периодот кој следи, велат од Министерството за финансии

Според календарот на 24 и на 29 јануари државата треба да врати стар долг од речиси 24 милиони евра.  Но од Министерството за финансии не дадоа објаснување дали ќе се прекине со домашното задолжување со оглед на тоа што со еврообврзницата на почетокот на годинава се задолживме половина милијарда евра.

Според календарот, годинава Министерството 12 пати ќе се задолжи на домашниот пазар преку издавање на државни хартии од вредност. Два пати во месецот се предвидени аукции на државни записи и државни обврзници. Претходната власт се задолжуваше по четири пати месечно.

Владата на последната седница на крајот на минатата година одлучи дека преку издавање на домашни хартии од вредност ќе може да се задолжи 288 милиони евра, што е за речиси 90 милиони повеќе од она што треба да вратиме. Долгот  кон странство е нешто помал од домашниот. Оваа 2018 треба да вратиме 170 милиони евра.

Јавниот долг на Македонија заклучно со септември 2017 та изнесува 4,6 милијарди евра или 45,8 проценти од БДП. ДО 2020 година Македонија треба да врати дол од 1,2 милијарди евра.

Влада домашни банки задолжување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.