Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во земјотресот во Турција уништен и замок стар 2000 години 

0
By Соња Крамарска on February 13, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН, СВЕТ
фото: Анадолија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од најтешко погодените градови од земјотресот беше турскиот град Газиантеп. Овој турски град, кој се наоѓа на 80 километри од епицентарот на земјотресот во Кахраманмараш, остана уништен. Меѓу зградите кои се урнаа беше и замокот Газиантеп стар 2.000 години. Овој историски замок бил изграден во вториот и третиот век од нашата ера за време на Римската империја.

Турската новинска агенција Анадолу објави дека „некои од ѕидовите во источните, јужните и југоисточните делови на историскиот замок Газиантеп во централната област Шахинбеј се уништени во земјотресот, а остатоците се расфрлани на патот“.

Анадолија понатаму наведува дека дел од железните огради на замокот биле расфрлани по тротоарите и дека на потпорните ѕидови се појавиле големи пукнатини.

Разорниот земјотрес предизвика и голема загриженост за културното наследство во погодените области.

Фотографиите од Газиантеп го покажуваат замокот кој се распаѓа, кој беше популарна туристичка дестинација во која се наоѓаше панорамскиот музеј на одбраната и херојството на Газиантеп.

Замокот, кој бил проширен за време на Отоманската империја, не бил единственото културно место оштетено од оваа природна катастрофа. Погодена е и блиската џамија Ширвани. Во оваа џамија од 17 век, источниот ѕид и куполата се урнале поради земјотресот.

Во меѓувреме, во Сирија од земјотресот беше оштетен и историскиот град Алепо.

Државниот завод за антиквитети потврди дека е погодена античката градска цитадела. Се урнале делови од османлиската воденица во внатрешноста на цитаделата, а делови од одбранбените ѕидини се срушиле и пукнале. Дополнително, бил оштетен и влезот во цитаделата, а се урнала и куполата на едно од минарињата на џамијата Ајубид – која се наоѓа во внатрешноста на тврдината.

Како што продолжуваат спасувачките напори, отежнати од лошите временски услови, Светската здравствена организација предупреди дека бројот на загинати може да се зголеми.

Во 1999 година, во земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер во близина на Истанбул загинаа 17.000 луѓе, а последиците од сегашниот земјотрес однесоа повеќе од 35.000 животи и сè уште предизвикуваат голема загриженост.

Турција се наоѓа на анадолскиот расцеп, што ја прави една од најранливите области за активни земјотреси. Милиони живеат во областа, во која исто така се бележи зголемување на бројот на Сиријци кои бегаат од граѓанската војна во нивната земја.

Извор: Н1

Алепо Газиантеп замок земјотрес 2023 Сирија Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.