Скопјани имаат здрава вода за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги спроведе Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
„Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 јули до 24 јули зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18)“, информира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Оттаму потсетуваат дека Секторот за санитарна контрола е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.