Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воена вежба, референдум, локални избори и се повеќе тензии во Босна

0
By Нова ТВ on August 31, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 31, 2016 12:29

 

Додека во Сараево се подготвуваше состанокот на меѓународниот Совет за примена на мирот во Босна и Херцеговина, тело креирано со Дејтонскиот договор во 1995 година, Србија и Република Српска (РС), која е дел од Босна и Херцеговина, организираа воена вежба во неделата. Со специјалните полициски сили, со 50 оклопни возила, пет хеликоптери, пет полициски брода и пет воени брода.

Сценариото на вежбата беше аспење на 17 терористи фатени на границата помеѓу Србија и Босна во делот на Република Српска. Вежбата беше пренесувана во живо на јавниот ТВ сервис на Република Српска.

Вежбата придонесе за пораст на политичките и етнички тензии во Босна каде што босанските Срби планираат на 25 септември референдум на кој гласачите треба да одлучат дали Денот на Република Српска, 9 јануари, може да продолжи да биде празнуван откако Уставниот суд на Босна одлучи дека овој ден е дискриминаторски и неуставен.

Во вторникот се одржа и состанокот на меѓународниот Совет за примена на мирот во Босна и Херцеговина. Неговиот заклучок беше јасен: Република Српска треба да се откаже од референдумот.

Подготовките на овој референдум доведуваат до сериозен пораст на тензиите а сецесионистичката реторика во политичкиот говор е премногу присутна.

“Ги повикуваме властите на Република Српска да се откажат од референдумот”, заклучи Советот, бидејќи тој има “дестабилизирачко дејство кое создава политички тензии кои неконструктивно го одвлекуваат вниманието од сериозните економски и социјални предизвици пред кои се исправена Босна и Херцеговина”, вели заклучокот. Советот повтори дека стои зад територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина која има два ентитети кои немаат право на отцепување и предупреди дека нема да толерира кршење на Мировниот договор.

Но, Русија не застана зад овој заклучок:

“Не дадовме поддршка поради една причина – овој текст е заканувачки, полн со осуди и ништо повеќе. Сметаме дека сите проблеми треба да се решаваат со дијалог. Интересно, но ние зборуваме за дијалог од 2015 година кога е донесена одлуката на Уставниот суд. За нас би било добро ако сите учесници во процесот би биле посталожени и би договориле врамнотежени одлуку. Но досега се бара само од Република Српска да отстапи од својот став. Сметаме дека и другите треба да го сменат ставот. Немам право да се мешам во одлуката на Уставниот суд но сметам дека судот би требал да биде повнимателен не само кон законот туку и кон актуелната ситуација”, изјави рускиот амбасадор Петар Иванцов.

По овие настани дојде реакција и од Србија. Премиерот Александар Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ ги повикаа во Белград лидерите на Република Српска на средба во четврток на која треба да се разгледува ставот на Советот за примена на мирот во врска со планираниот референдум.

“Србија ќе преземе, и веќе презема мерки со цел да ги заштити нејзините државни интереси и да ја одржи стабилноста и безбедноста во регионот. Граѓаните можат да бидат спокојни, виталните интереси нема да бидат загрозени. Утре претседателот Николиќ и премиерот Вучиќ ќе се состанат со претставниците на Србите во БиХ. Во секој случај ние сме заинтересирани да ја зачуваме стабилноста и безбедноста во регионот”, изјави утринава српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Истовремено Босна е во тек кампањат за локалните избори закажани на 2 октомври.

Босна и Херцеговина воена вежба Републиа Српска референдум Совет за примена на мирот Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.