Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Волфганг Шојбле- нов претседател на Бундестагот

0
By Нова ТВ on October 24, 2017 СВЕТ
Фото ДВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 24, 2017 14:25

Досегашниот германски министер за финансии денеска е избран за претседател на германскиот парламент. Новиот состав на Бундестагот денеска ја одржува својата конституитивна седница.Вофганг Шојбле денеска со големо мнозинство е избран за претседател на 19. состав на германскиот Бундестаг.

Политичарот од редовите на партијата на канцеларката Ангела Меркел- Христијанско-демократската унија (ЦДУ) освои 501 глас од вкупно 705 пратеници во Бундестагот кои гласаа за изборот на нов спикер. 173 парламентарци гласаа против Шојбле додека 30 се воздржаа од гласање.

Во говорот по изборот на новата функција, како што објавува Дојче Веле, Шојбле му се заблагодари на парламентот за довербата во него, како и на досегашните пратеници на Бундестагот за нивната работа. Тој посебна чест му оддаде на неговиот претходник на функцијата, Норберт Ламерт, кој истотака и припаѓа на ЦДУ. „Во парламентот чука срцето на нашата демократија“, изјави меѓу другото Волфганг Шојбле.

На денешната конститутивна седница на Бундестагот, чиј нов состав беше избран на 24 септември покрај тоа се избираат и потпретседателите на парламентот. Секоја пратеничка група номинира по еден свој кандидат.

На почетокот на денешната седница, најстариот пратеник Херман Ото Золмс, од редовите на Либералната партија (ФДП) ги потсети пратениците на нивните права и обврски како народни избраници. „Обврска на парламентот е да ја зајакнува виталната демократија“ , истакна Золмс.

Со вкупно 709 пратеници овој состав на Бундестагот е најголем во неговата досегашна историја. Во новиот парламент има пратенички групи на вкупно шест партии како и двајца парламентарци, кои не и припаѓаат на ниту една пратеничка група. Десничарко-конзервативната Алијанса за Германија за првпат е застапена во парламентот, откако од изборите на 24 септември оствари трет најдобар резултат, зад ЦДУ и Социјалдемократите (СПД).

Бундестаг Волфганг Шојбле Германија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.