Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вонредната состојба треба да се почитува, во обраќањето на Вучиќ и политичка пропаганда

0
By Нова ТВ on March 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 16, 2020 11:19

Вчерашното обраќање на претседателот, Александар Вучиќ, и прогласувањето на вонредна состојба помалку ги збуни срспките граѓани, со оглед дека поминаа само две недели од тврдењето дека станува збор за смешен вирус.

Од денес, училиштата, градинките и факултетите нема да работат. Но она што се разбира како своевидна контрадикторност или несовпаѓање со прогласената вонредна состојба е незатворањето на угостителските објекти за кои е предвидена ограничена работа до 20 часот. Дополнително во овој дел се донесе и одлука со која забраната за јавно собирање во затворени простории станува поригорозна и од 100 лица, како што беше претходно дефинирано, сега ограничувањето е на 50 лица.

Постарите лица, пензионерите не треба да ги напуштаат своите домови, полицијата ќе врши проверки за почитување на мерките, во спротивно ќе следат казни од 3000 евра. Сепак, она што се доживеа како најизненадувачко во обраќањето на Вучиќ е пораката дека граѓаните од денеска ќе ја гледаат војската на многу места, пред болниците и пред други јавни установи.

Дел од политичките аналитичари проценија дека од такво нешто засега нема потреба, дека со тоа Вучиќ сака да ја компензира препреката кој се создаде со ситуацијата со коронавирусот, односно неможноста да се одржи воената парада предвидена за 3 април, кога е Денот на Армијата. Демонстрацијата на воената сила, велат тие, е високо на агендата на актуелната власт како сегмент кој треба да се искористи како доказ за нејзината челична цврстина и непробојност.

Сите оние кои инсистираат на законитост треба да се придржуваат кон одлуката за воведување вонредна состојба, изјави Миленко Васовиќ, уредник на порталот Нова.рс во утринското гостување на телевизија Н1. Сепак, тој додаде дека во вчерашното обраќањето на претседателот Александар Вучиќ, препознал елементи на „мала политичка пропаганда“ по повод вонредната состојба.

„Наидовме на краток пат од тврдењето дека станува збор за смешен вирус и дека нема потреба да се прекинува наставата, до тоа да се воведе вонредна состојба. Овој пат поминавме премногу брзо, и ова може да биде малку збунувачко за граѓаните“, рече Васовиќ.

Зошто, според него, во ваква ситуација, треба да се истакне дека мојот брат е Си Џипинг. „Научив дека претседателот има уште еден брат. Без разлика дали е на страната на неговиот татко или на неговата мајка“, рече Васовиќ.

Тој посочува дека пораката е испратена до гласачите, на кои им е кажано дека само затоа што јас сум претседател, ќе добиеме поддршка од Кина, со акцент на тоа дека „европската солидарност не постои, тоа е мртво слово на хартија“. Васовиќ објаснува дека ваквите скриени пораки се посилни и поубедливи од директната пропаганда.

Говорејќи за економските последици од коронавирусите и изјавите дека економскиот раст од четири проценти е неостварлив оваа година, Васовиќ рече дека Владата ќе си припише голем успех себеси без оглед на резултатите.

„Ние нема да знаеме што точно се случува за време на вонредната состојба, какви одлуки се носат, каде одат парите“, рече Васовиќ, потсетувајќи на периодот 2014, годината и периодот на поплавите.

„Имам впечаток дека оваа состојба ќе се искористи и за некој да направи нешто под житото“, вели тој.

Кога станува збор за дисциплината на граѓаните во однос на почитувањето на воведените мерки, Васовиќ проценува дека „сме дисциплинирани кога ни зависи главата“.

Тој предупреди на непотребно создавање паника во јавноста и го пренесе своето искуство пред две аптеки каде, како што вели, се појавила расправија за недостаток на маски, а една дама, рекла, дека скоро плачела вознемирена затоа што имала баба и дедо дома и не можела да купи маски.

Премиерката, Ана Брнабиќ, соопшти дека границите на Србија ќе останат затворени, освен за српските државјани кои се враќаат од странство, како и за дипломатите и странските државјани со дозвола за престој.

Вучиќ Коронавирус пропаганда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.