Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработениот во општина Шуто Оризари бил фатен со обележани пари

0
By Нова ТВ on March 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Советникот на градоначалникот на Шуто Оризари С.М. осомничен за примање мито, бил фатен со обележани пари, соопшти МВР.
Основното јавно обвинителство претходно соопшти дека тој е во 30 дневен притвор и се товари за кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик.
Според МВР, С.М. кривичното дело за кое се сомничи го сторил во текот на јануари и февруари годинава,  кога на 25- годишно машко лице од Скопје, му се претставувал дека е вработен во општина Шуто Оризари на влијателна позиција во општинската администрција и дека ќе издејствува легализација на негов објект за сума од 2.500 евра.

По поднесено барање од страна на оштетеното лице до Општината за издавање на Решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект-куќа, изградена во јуни минатата година, пријавениот, со намера да го искористи своето претпоставено влијание и наводна службена положба, ветил дека ќе издејствува легализација на објектот. С.М. од оштетениот на 19 јануари побарал за себе парични средства во износ од 2.500 евра, а на 27 февруари примил дел од средствата во износ од 1.000 евра.

Оштетениот на 22 јануари годинава  годинава, во просториите на Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднел кривична пријава против пријавениот С.М.

На 27 февруари оштетениот дал дополнително известување дека со пријавениот С.М. истиот ден околу 11  часот, се сретнал во просториите на општина Шуто Оризари, каде на барање на пријавениот, му дал парични средства во износ од 1.000 евра, претходно фотодокументирани, додека остатокот требало да го исплати по добивање на Решението за легализација, кое му ветил дека ќе биде завршено по два дена.

Од страна Секторот за внатрешни работи Скопје, а врз основа на Наредба за претрес на службени простории и претрес на лице издадена од Основен суд Скопје 1 Скопје, извршен е претрес во општината и врз пријавениот, кој доброволно предал една банкнота од 500 евра, две банкноти од по 200 евра и една банкнота од 100 евра кои се претходно фотодокументирани.

Вработениот во општината беше приведен пред неколку дена под сомение дека земал мито за легализација на куќа.

банкноти МВР обележани ОЈО; притвор поткуп советник Шуто Оризари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.