Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработувањето на специјализантите ги скара ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

0
By Менче Атанасова Точи on July 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секретаријатот за здравство на ДУИ им наложил на директорите Албанци да не ги потпишуваат договорите за вработување на специјализантите. Ова за НОВА го потврди Нермин Шакири економска директорка во Градската хируршка болница“Св. Наум Охридски“. Во оваа болница  осум лекари специјализанти веќе цел месец чекаат да се реши нивниот статус.

„Така одлучи секретаријатот за здравство на ДУИ. Причините барајте ги таму, веројатно дел е затоа што не е почитуван Рамковниот договор, односно нема реципроцитет“, изјави за НОВА Шакири.

На клиниката за детски болести четворица лекари на приватна специјализација чекаат финансискиот  директор да ги потпише решенијата и да почнат да примаат минимална плата. Но директорот Ридван Ибраими одбива да ги потпише решенијата кој министерот Тодоров ги потпишал пред еден месец.

„Најдобро е одговорот да го побарате во Министерството за здравство. Клиниката нема финансиски средства да прими четворица лекари специјализанти, а има најава за уште петмина. Згора на се не е почитуван Рамковниот договор и ова прашање мора да се реши политички. Ова е нашиот став“, изјави за НОВА директорот Ибраими.

Од друга страна пак, директорката Аспазија Софијанова вели дека станува збор за многу квалитетни млади лекари кои и се потребни на Клиниката и не разбира зошто е тој отпор кога на конкурсот за оваа клиника немало пријавено специјализанти Албанци.

„Направена им е неправда бидејќи кај нас нема пријавено специјализанти Албанци“, изјави Софијанова.

Директорот во тетовската болница  како причина ги наведе финансиските средства за реализација на нивните плати. Не објасни ништо повеќе.

„Треба да имаме пари во буџетот за такво нешто, а треба и одобрение од Министерството за финансии“, рече Фљорим Бесими директор на тетовската болница.

Конкурсот за кофинансирање на приватните специјализанти  ги скара ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Одлуката која ја донесе министерот  за здравство Никола Тодоров, предизвика револт во редовите на ДУИ.

Од 82 специјализанти кои добија на конкурсот за кофинансирање во јавните здравствени установи, 54 лекари се веќе вработени на определено време. Другите 28  лекари извисија бидејќи економските директори Албанци не сакаат да ги потпишат договорите. Станува збор за болницата „Св. Наум охридски“ каде треба да бидат примени осум лекари, Клиниката за детски болести каде чекаат четворица лекари, како и во болниците во Куманово, Гостивар,Тетово и Струга.

Од  Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари пред  неколку дена упатија писмо до министерот Тодоров и до директорите на болниците барајќи одговор зошто  28 лекари не можат да заснован работен однос од 1 јули како што е зацртано со договорот и да го остварат своето право како останатите нивни колеги.

„Само што започна процесот на постепено решавање на наталожените проблеми на специјализантите со кој требаше да се обезбеди егзистенцијата на еден дел од приватните специјализанти, а договорот за повеќето од специјализантите не е реализиран.Како Асоцијација  чија основна грижа се специјализантите и младите лекари прашуваме зошто се уште не се реализирани сите договори од првиот конкурс и кога најрано би можеле да очекуваме специјализантите да го започнат својот работен однос“, се вели во писмото на Асоцијацијата на специјализантите.

Од Министерството з а здравство велат дека 54 лекари веќе се вработени во редовен работен однос додека трае специјалистичкиот стаж, а потоа овој статус  ќе се трансформира во редовен работен однос на неопределено време.

„За останатите 28 лекари во тек е постапката за потпишување на договори и истата во престојниот период ќе биде финализирана“, се вели во образложението од Министерството за здравство.

Како планираат да ги финализираат овие решенија кога директорите од ДУИ не сакаат да ги потпишат не објаснија.  Неофицијално, понатамошните инструкции од ДУИ с е директорите воопшто да не ги потпишуваат овие решенија. Со овој договор лекарите кои се на приватна специјализација, а работат и дежураат без да земат ниту денар ќе примаат просечна плата од 22 000 денари.

 

 

 

ВМРО-ДПМНЕ договори ДУИ специјализанти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.