Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен суд си го штити дворот од партиите

0
By Нова ТВ on March 6, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 6, 2020 11:21

Врховниот суд отфрла секаков вид на надворешно влијание врз правораздавањето и изрази загриженост од такви евентуални идни однесувања на политичките партии, особено во изборен период и за предизборни цели.

Ваквиот став на Врховниот суд е објавен преку соопштение по одржаната Општата седница на 3 март, а уследи непосредно по два јавни партиски собири: маршот за правда на СДСМ, и протестот против неправда на ВМРО-ДПМНЕ. Двата собира не ја одминаа зградата на Врховниот суд, а од нив беа испратени различни пораки.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој го предводеше маршот за правда по донесувањето на Законот за Јавното обвинителство, порача дека со тој закон „нема веќе тефтерчиња“ и се гарантира дека политичарите нема да може да избираат и менуваат обвинители, ниту да одлучуваат за иднината на предметите.

„Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту нивните инсталации не ви можат ништо. Не сме задоволни од испорачаното во однос на правната држава. Потребно ни е правосудство кое ќе ја донесе правдата, а не да застарува предмети. Правдата доаѓа бавно, но доаѓа. Ни треба правна држава, ни треба закон еднаков на сите“, порача лидерот на СДСМ на 17 февруари.

Судот бара воздржаност и соодветно комуницирање

Девет дена подоцна, неговиот политички опонент, Христијан Мицкоски, на протест против неправдата ги обвини обвинителите Јовески и Русковска дека „заедно со уште неколку врховни судии, и засилени со уште неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат, „се единицата за брза интервенција за спасување на Зоран Заев“.

Тој во обраќањето испрати три барања, од кои едно се однесуваше токму на Врховниот суд – „итна и неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивните одлуки“. По пораките од двата јавни собира и Врховниот суд реши да го каже својот збор.

„Анализирајќи ги последните настани организирани од страна на политичките партии, Општата седница укажува на потребата од обезбедување на услови за независно и непристрасно постапување на судовите во согласност со законот и другите релевантни акти, притоа отфрлувајќи секаков вид на надворешно влијание врз правораздавањето. Општата седница искажува загриженост од таквите и слични, евентуални идни однесувања на политичките партии, особено во изборен период и за предизборни цели, притоа апелира на воздржаност и соодветно комуницирање, без да се загрози независното и самостојно постапување на судската власт и судиите“, соопшти Врховниот суд.

Од таму укажуваат дека работењето на Врховниот суд е во согласност со сите закони, меѓународни документи, Европската конвенција за човекови права, Големата повелба за судиите и Бенгалорските начела, и дека се раководи од постојните законски одредби, слободното судиско убедување и најдобрите практики и без никакво влијание, со цел обезбедување на единство во примената на законите.

Кој врши притисок?

Лидерот на СДСМ ги повика судиите јавно да кажат дали и кој им врши притисок.

„Ако некој има директни притисоци и закани, тоа да го објави. Како ќе искорениме утре да нема, ако има денес? Треба да кажат кој прави притисок, и само така можат да се спасат од евентуални пристисоци“, рече Заев.

Мицкоски обвини Заев дека врши притисок.

 

„Не познавам никого од Врховниот суд, ниту пак со некого сум комуницирал во Врховниот суд, ниту некој дошол до мене за да комуницира. Меѓутоа слушнавме кој е тој со „трас-трас“ методите, кој се договара „вака или онака“ и „сум засрамен“, изјави Мицкоски.

Toj алудираше на последната аудио-снимка што ја објави пратеникот Антонијо Милошоски, на која се слуша Заев како го споменува Врховниот суд и специјалната обвинителка Јанева, што партијата го оцени како негово влијание врз судот. Истото Мицкоски му го кажал и на претседателот на Националниот совет на на австрискиот парламент, Волфганг Соботка, кога станало збор за донесувањето на Законот за ЈО.

„Му го пренесовме и „трас-трас“ методот за носење на Законот за јавно обвинителство, „се договорив со Јово“ и сличните методи како се носат овие закони”, рече Мицкоски.

Од СДСМ одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во истата криминална матрица, кога се нарачувале пресуди по телефон и се именувале судии од тефтерче, и затоа партијата нема капацитет да разбере дека судските пресуди се работа на независни институции. СДСМ се повика на последниот извештај на „Фридом хаус“ кој покажува нов напредок на земјата, особено во надминување на „антидемократското наследство на поранешниот премиер Никола Груевски“.

„Дополнително, Европската Унија ги потврди реформите во судството и констатираше дека е направен ‘значителен напредок при обезбедувањето на независноста на судството’. Граѓаните прават јасна разлика меѓу СДСМ, кое е за правда и правичност, и ВМРО-ДПМНЕ која шири лажни вести и се залага за обнова на криминалниот режим и изолација. Сваровски судство – никогаш повеќе“, порачаа социјалдемократите.

Врховен суд Зоран Заев партии Христин Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.