Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховниот суд одлучува дали случајот „Диво Насеље“ да се врати на почеток

0
By НОВА ТВ on July 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 7, 2021 18:43

Седумтемина осудени на доживетен затвор за престрелката во кумановско „Диво насеље“, која се случи во мај 2015 година, денеска од највисокиот, Врховниот суд, побараа да бидат ослободени и судскиот порцес да се врати на почеток. Тие тврдат дека не биле тероисти. Одбраната ја повика власта да каже кој го организирал нападот. Адвокатите на денешната јавна седница пред врховните судии наведоа дека за време на судската постапка во скопскиот Кривичен суд имало пропусти во водењето на самиот судски процес. Не можеле да презентираат докази, ниту да сослушуваат сведоци. Адвокатот Насер Рауфи во изјава за медиумите тврди дека осудените не се ниту организатори на терористичкото сценарио. Тој вината ја вперува на Агенцијата за разузнавање и тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање.

-Самиот Али Ахмети даваше интервју и кажа дека разговарал и согласно тој разговор да ни беше овозможено да биде дел од доказите, ќе се утврдеше дека моите клиенти Деме Шеху и Аднан Красниќи не биле организатори на настанот, вели адвокатот Насер Рауфи.

Одбраната ја повика власта да каже кој ги организирал кумановските инциденти од мај 2015 година, бидејќи тврдеа дека такви докази има.

-И сегашниот претседател Стево Пендаровски и директорот на ДБК, во изјави на телевизија за овој период кажуваа дека ќе обезбедат нови докази, дека „Диво Насеље“ не е тоа што е, и имало нови докази. Тие докази ги нема никаде, или да се процесуира нов предмет. Мое лилно мислење и за оваа позиција и за 27 април е дека организаторите се исти. Да се дојде до власт се направи малку раздор, ограничено пукање за да дојдеме до власт, вели адвокатот Љупчо Веселиновски.

За разлика од одбраната, обвинителството смета дека судската постапка пред Кривичниот, а потоа и пред Апелациониот суд се водела на законски начин и немало пропусти во водењето на постапките. Обвинителството побара од врховните судии да ги одбијат жалбите на осудените и да ги потврди пресудите.

Во случајот „Диво Насеље“ осудени се 33 лица, дел на доживотен затвор, други на 40 години затворска казна. Дали ќе има ослободување и враќање на процесот на почеток како што бараат осудените, или потврдување на казните и одбивање на жалбите како што бара Обвинителството, ќе одлучи Врховниот суд.

Врховен суд Диво насеље судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.