Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВТА и АТП листи: Нов пад на Ѓорческа, тронот за 2017 година за Надал

0
By Нова ТВ on October 30, 2017 СПОРТ
Фото: smh.com.au
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едно место во сингл и пет во дубл назадуваше Лина Ѓорческа на најновата ВТА ранг листа објавена денеска. Првиот македонски тениски рекет е на 260 позиција (201 бод) во поединечна конкуренција и на 266. во двојки (258 бода).

Романката Симона Халеп останува водечка кај дамите со 6,175 бода пред Гарбиње Мугуруза од Шпанија со 6,135 бода. Зад нив е Каролина Возњацки која напредуваше за три позиции, и по, речиси, шест години повторно е дел од најдобрата тројка со 6,015 бода благодарение на триумфот на завршниот Мастерс во Сингапур.

Рафаел Надал, речиси сто отсто, ќе заврши како најдобар светски тенисер за 2017 година. Тој го презеде тронот, откако Роџер Федерер реши да се повлече од Мастерсот во Париз, па сега му е потребна само една победа во француската престолнина за потврда на лидерската позиција на крајот на сезоната. Швајцарецот, пак, ја образложи одлуката за отсуство во Париз поради проблеми со грбот и ќе паузира една седмица до настапот на завршниот Мастерс во „О2 арена“ во Лондон.

ВТА листа – топ 10

Симона Халеп (Романија) 6,175 бода

Гарбиње Мугуруза (Шпанија) 6,135

Каролина Возњацки (Данска) 6,015

Каролина Плишкова (Чешка) 5,730

Венус Вилијамс (САД) 5,597

Елина Свитолина (Украина) 5,500

Јелена Остапенко (Летонија) 5,010

Каролине Гарсија (Франција) 4,420

Џоана Конта (В. Британија) 3,610

Кристина Младеновиќ (Франција) 2,885, итн.

АТП листа – топ 10

Рафаел Надал (Шпанија) 10,465 бода

Роџер Федерер (Швајцарија) 9,005

Александар Зверев (Германија) 4,400

Доминик Тим (Австрија) 3,725

Марин Чилиќ (Хрватска) 3,625

Григор Димитров (Бугарија) 3,560

Стен Вавринка (Швајцарија) 3,150

Давид Гофан (Белгија) 2,885

Пабло Карено Буста (Шпанија) 2,605

Новак Ѓоковиќ (Србија) 2,585; итн.

АТП ВТА Лина Ѓорческа Ранг листи Рафаел надал тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.