Петра Квитова, Кристина Младеновиќ и Елена Веснина не успеаа низ првото коло на ВТА турнирот во Њу Хевен што се игра за награден фонд од 710,900 долари.

Подобра од чешката тенисерка беше Жанг од Кина со убедливи 6:2, 6:1. Кобна за Французинката, која веќе подолго време бележи пад во формата и никако да врзе два добри настапа на ВТА турот, беше Тимеа Бабош од Унгарија со 7:5, 7:5. Со идентичен резултат и Ана Богдан го доби дуелот со Русинката која беше поставена за петта носителка во Конектикат.

Во останатите мечеви, фаворитките го оправдаа статусот и се пробија во осминафинале на турнирот што е последна проверка пред стартот на Ју-Ес опен.

Мирен беше првиот натпреварувачки ден и во Винстон-Салем каде се игра турнир во машка конкуренција со награден фонд од 748,960 долари. Зебалјос, Сепи, Берлок, Рублев и Лајовиќ го потврдија квалитетите во однос на нивните ривали и се пласираа во второто коло.

ВТА турнир во Њу Хевен/награден фонд 710,900 долари/1 коло

Жанг (Кина) – Квитова (3., Чешка) 6:2, 6:1

Мертенс (Белгија) – Бертенс (Холандија) 4:6, 6:4, 6:2

Касаткина (Русија) – Стрицова (7., Чешка) 7:5, 6:3

Пављученкова (6., Русија) – Мекхејл (САД) 3:6, 6:2, 6:4

Флипкенс (Белгија) – Цуренко (Украина) 6:2, 6:3

Бушар (Канада) – Дејвис (САД) 6:1, 6:3

Гаврилова (Австралија) – Кр. Плишкова (Чешка) 7:5, 4:6, 7:5

Бабош (Унгарија) – Младеновиќ (4., Франција) 7:5, 7:5

Пенг (8., Кина) – Синијакова (Чешка) 1:6, 6:3, 7:6

Богдан (Романија) – Веснина (5., Русија) 7:5, 7:5

АТП турнир Винстон-Салем/награден фонд 748,960 долари/1 коло

Зебалјос (Аргентина) – Копфер (Германија) 6:2, 6:1

Јанг (САД) – Дутра Силва (Бразил) 6:4, 6:2

Штруф (Германија) – Гомбош (Словачка) 7:6, 7:6

Сепи (Италија) – Типсаревиќ (Србија) 6:2, 6:2

Рублев (Русија) – Дарсис (Белгија) 6:4, 6:4

Монтеиро (Бразил) – Долгополов (Украина) 6:3, 6:3

Хсун Ли (Тајпеј) – Озери (Франција) 6:2, 6:1

Лајовиќ (Србија) – Хрисохос (Грција) 6:2, 6:3

Кузнецов (Русија) – Кикер (Аргентина) 7:5, 6:2

Фусовиц (Унгарија) – Гулбис (Летонија) 7:6, 6:2

Едмунд (В. Британија) – Фабијано (Италија) 6:2, 6:3

Џумхур (БиХ) – Истомин (Узбекистан) 6:4, 6:4

Берлок (Аргентина) – Болт (Австралија) 6:2, 6:4

Бенето (Франција) – Арбер (Франција) 6:3, 6:2

Багдатис (Кипар) – Беранкис (Литванија) 7:5, 7:5