Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втор ден завршни зборови во Труст-одбраната бара ослободителни пресуди

0
By Нова ТВ on July 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 17, 2018 08:28

Со завршни зборови на обвинетите, денеска во Кривичниот суд ќе продолжи судењето по предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство.

На вчерашното рочиште, што траеше речиси шест часа, завршни зборови даде одбраната на обвинетите, кои од Судот побараа ослободителни пресуди оти, како што наведоа, ниту „Трансмет“, ниту „Силекс“, ниту пак „Вато“ не ја повредиле постапката за јавна набавка.

– Секој од нас греши, човечки и природно е да се греши, ако поради грешка и намерен пропуст кривично се одговара, тогаш сите ние треба да бидеме казнети, рече адвокатката на Сеад Кочан и „Трансмет“, Маја Дојчиновска.

Според неа, СЈО во случајот не понудило доказ за висината на евентуалната имотна корист со која, како што рече, наводно се стекнале обвинетите, а за која бара конфискација. Таа вели дека нејасно е како бараат судот да ги задолжи обвинетите со износ од 1.060.000.000 денари.

Дојчиновска на Судот му посочи дека во овој случај може да донесе единствена пресуда, а тоа е ослободителна, но доколку по било кој основ најде вина кај обвинетите, да има предвид дека Кочан е истакната личност во општетствените кругови кој со своето работење придонел за развој на стопанството и економијата, како и дека е работодавач на повеќе од 500 вработени.

Бранителот на Сафет Ватиќ рече дека обвинението против „Вато ДООЕЛ“ е неиздржано и со повеќе примери на Судот му укажа дека Сафет не знаел за никаков план за изигрување на јавна набавка и дека нема никаква поврзаност на „документот на турски јазик“ со влегување на конзорциумот во втора фаза.

На претходното рочиште СЈО предложи целосното обвинение кон „Вато“ ДООЕЛ да биде повлечено. Исто така, посочи дека Сафет Ватиќ, повеќе не е обвинет како извршител на сторено дело, туку ќе се води како помагач, бидејќи е утврдено дека извршувал само „помагачки дејствија“ и ќе добие помала казна.

Во предметот „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

завршни зборови Кочан Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.