Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Второ убиство на медиумски работник во Мексико: Застрелан фоторепортер пред неговиот дом во Тихуана

0
By Sashko on January 18, 2022 СВЕТ
Фото: archysport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мексикански фоторепортер почина, откако беше застрелан во главата пред неговата куќа во северниот пограничен град Тихуана, соопштија официјални лица. Тој е втор медиумски работник кој е убиен оваа година во Мексико, по смртта на Хозе Гамбоа минатата недела во југоисточната држава Веракруз.

Маргарито Мартинез (49) работеше во Тихуана за неколку национални и меѓународни новински куќи повеќе од 10 години, известувајќи за криминал и насилство од банди во градот на американско-мексиканската граница.

Канцеларијата на главниот државен обвинител соопшти дека службениците кои се јавиле на повикот на Брзата помош го пронашле телото на Мартинез пред неговата куќа со повреда на главата предизвикана од огнено оружје.

Според еден од неговите колеги, Мартинез бил вклучен во државна програма чија цел била заштита на животите на новинарите.

Тихуана е еден од градовите во Мексико со најмногу насилство поради судирите меѓу нарко бандите кои се борат за шверцерски рути.

Од 2000 до 2021 година, групата за човекови права „Член 19“ регистрирала 145 убиства на новинари во Мексико, а минатата година биле убиени седум новинари.

Медиумски работник Мексико Свет убиство фоторепортер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.