Српскиот претседател Александар Вучиќ нешто по 16 часот ја напушти зградата на Претседателството, јави „Танјуг“. Нема потврда за таа информација од независни српски медиуми додела протестот пред зградата на Парламентот е во тек.
„Претседателот ја напушти зградата со службено возило“, јави агенцијата.
Голем број од демонстрантите се упатија пред полициска станица во Белград со намера да бараат ослободување на приведени лица за синоќешниот упад во зградата на РТС.
Лидери на Сојузот за Србија (СЗС) соопштија дека прифаќаат одговорност, а дел од белградските медиуми јавија дека министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ се наоѓа во дворот на полициската станица каде се и демонстрантите.
„Сите кои бевме во РТС синоќа преземаме одговорност што баравме од Куќата да почне да информира вистина, наведе Ѓилас.
Лидерот на СЗС, Драган Ѓилас на Твитер напиша дека се упатил кон полициската станица „29 ноември“ за да го уапсат заедно со Обрадовиќ, Лутовац и Зеленовиќ.